Судот на екс-премиерот Никола Груевски му одреди мерка притвор од 30 дена за случајот „Титаник“. Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Претходно тој заработи притвор и за случајот „Талир“.
Груевски е во бегство во Унгарија, од каде што доби политички азил. Груевски е осуден на затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600 ијлади евра.
Тој пред извесен период побегнал од државата за да не ја одлежи затворската казна од две години за случајот „Тенк“. Груевски во моментот ги ужива привилегиите на добиениот унгарски азил.
Д.М.