• Latest
Добро утро со Орданоски

Мува не нè лази!

December 7, 2018
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мува не нè лази!

December 7, 2018 08:00
in ВЕСТИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]мртта на Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД, во Македонија помина како протоколарна вест од најобичен, еднодневен вид. На проживеани 94 години, почина последниот од „старата гарда“ американски политичари, ветеран на Втората светска војна.

Не ми е овде намерата да ви го раскажувам неговиот живот и неговите заслуги за американскиот народ како нивен претседател – една неверојатно богата шестдецениска политичка биографија, со повремени контроверзи кои доликуваат на еден американски претседател, со претходен осумгодишен потпретседателски стаж за време на Реган, две години директор на ЦИА и уште претходна репрезентативна дипломатска и политичка, републиканска, кариера… Тоа, впрочем, може да се прочита на илјадници интернет сајтови.

Но, штета е човекот да го испратиме како дневна информативна фуснота, бидејќи тој Џорџ Х. В. Буш – а подоцна прилично и неговиот син, претседателот Џорџ Буш помладиот – за Македонија направи повеќе од, веројатно, кој било американски политичар, а не пак претседател, во нашата национална историја: имено, Буш постариот беше човекот кој јасно ја трасираше американската надворешна политика во воспоставувањето, а потоа и поддршката и заштитата (!), на македонската независна држава во 1991 година!

Молам, да се нема илузии околу тоа, бидејќи да не беше токму тој Буш и неговата администрација, којзнае како ќе излезевме ние како држава по распадот на Југославија, со разните регионални и други апетити околу нас. Тогаш Американците, како единствена преостаната глобална сила, тврдо застанаа на страна на нашата независност, и не го променија ставот до денес, триесетина години подоцна.

Да, безбедносните и политичките причини за тоа се комплексни и веројатно се најмалку втемелени на американската сентименталност кон нашето овоземно (библиско!) национално постоење (џанам!). Но, фактот што нашата државна независност влезе во описот на американските „национални интереси“ во Европа не го прави ни малку понезаслужен починатиот претседател Буш за наша голема почит. Напротив!

Се разбира дека никој важен од Македонија не отиде ни на неговиот погреб. Отиде Меркел, бидејќи деновиве нема многу работа, а и бидејќи Германците ја разбираат важноста на Џорџ Х. В. Буш за германското обединување, во истите години кога ние станувавме независни. Човекот кој е во кабинетот на македонскиот претседател – веројатно презафатен со разните аспекти на своето имплицирање во настаните од 27 април – не испрати ни телеграма со сочувство до американскиот народ по повод смртта на нивниот 41-ви претседател.

Изрази на сочувство и уважување кон Буш и Американците не чувме ниту од Заев и Димитров. И тие мислат дека Македонија почнува од нив, иако се презафатени со нивните кариери и да не заврши.

Во ВМРО-ДПМНЕ секако не остана никој кој да мисли, а не пак да се сети да ја одбележи важноста на Буш за остварувањето на столетната вмровска кауза за добивање независна македонска држава… Тоа повеќе говори за квалитетот на таа кауза, одошто за заслугите на Буш.

Косоварите, пак, прогласија ден на своја национална жалост, иако ним Буш им е неспоредливо помалку заслужен од тоа колку ни е важен нам. Ама, шо, косоварите се познати американски подлизурковци, не се столетен горд и достоинствен народ како нас! Нас мува не нè лази, само чавки нè…

Но, иако сме, колективно, невидени провинцијални тиквари кои мислат дека светската политика зависи од тоа на која нога ние ќе станеме наутро, можеби не е доцна, макар со задоцнување, да крстиме една улица во престолнината по американскиот претседател Џорџ Х. Б. Буш? Можеби би можеле, по тој повод, да го поканиме и неговиот син, претседателот Џорџ Буш помладиот, на свеченоста на именувањето на таа улица со името на неговиот татко?

Ако ништо друго, за памет и поука на генерациите македонски граѓани кои доаѓаат по нас. За нас се работи, на Бушови им е секако сеедно.

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Share478TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ