• Latest

Трајан: ДКСК во изминатиот период беше нем посматрач на сите случувања во општеството

December 7, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трајан: ДКСК во изминатиот период беше нем посматрач на сите случувања во општеството

December 7, 2018 18:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На конференцијата „За општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, генералната секретарка на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупција, Розета Трајан, својот говор го започна цитирајќи го Бајрон кој вели: „Борбата против корупција не е само добро владеење, таа е и самоодбрана и патриотизам“.

„Постои огромна патриотска должност на секој чинител во општеството да се бори против корупцијата, но и да даде активна контрибуција во борбата против корупција. Бидејќи корупцијата е таа којашто ја намалува вербата на граѓаните во општеството, ги загушува креативноста и инвентивноста, не се вреднува талентот на најспособните и ги руши вредностите. Само општество коешто е ослободено од корупција може да биде општество кое е фокусирано кон прогрес, напредок, развој и просперитет. Поради сето тоа, создавањето на општество ослободено од корупција треба и мора да биде приоритет и императив. Предизвик со којшто мора сериозно да се соочиме и на којшто треба посветено да работиме“, истакна Трајан.

Трајан исто така нагласи дека овој настан е потврда дека е неопходен сериозен пристап во борбата против корупцијата, додавајќи дека ДКСК во изминатиот период беше нем посматрач на сите случувања во општеството, состојба која пред се се должи на нејзината неефикасност, нетранспарентност и партизираност.

„Но денес имаме една нова реалност. Денес имаме нов предлог текст на закон за спречување на спречување на корупција и спречување на судир на интереси. Сакам да изразам голема благодарност до Министерството за правда којшто даде несебичен придонес и во целиот овој период ни помага како институција да се справиме со сите проблеми и предизвици. Но исто така сакам да се заблагодарам и на нашите пријатели од Европската Унија, невладините организации, граѓанските активисти, новинари и сите останати чинители коишто овој период несебично ни помагаат“, рече Трајан.

За законот Трајан вели дека тој претставува едно солидно законско решение, но и дека во процесот на имплементација и заживување треба предвид да се земат сите решенија за нивно подобрување.

„Добро е што сега изборот на членови на Државната комисија за спречување на корупција ќе се базира на компетентност, личен и професионален интегритет, соодветно работно искуство, со елиминација на партиските влијанија, а во присуство на јавноста, невладините организации, медиумите, како и експертската фела. Но, затоа пак во однос на вработените и статусот на вработените во Секретаријатот на ДКСК се уште постои можност и потреба за подобрување, особено во делот на поголема заштита на вработените за да бидат независни во нивното работење и постапување“, смета Трајан.

Таа додаде дека и во отсуство на Комисијата, Секретаријатот и понатаму продолжил со работа, но само административно и технички, поради сегашното законско решение, според кое Секретаријатот нема можност да одлучува по предмети и пријави.

„Во периодот од месец март, до денеска, на адресата на ДКСК се примени голем број на пријави за корупција, оформени се предмети од областа на судир на интереси, обработени се и јавно се објавени анкетни листови и промени на имотна состојба, обрасци на институции и ред други работи“, вели Трајан.

Според Трајан, во однос на контролата на финансирањето на политичките партии останува нејасно која институција ќе биде главна во контролата на истото. Таа потсети дека ДКСК носи годишен план за работа, а во новото законско решение се предвидува и посебен план за контрола на финансирањето на политичките партии, што не е во согласност со препораките од ГРЕКО според кои главна и централна институција за контролата на финансирањето на политичките партии е Државниот завод за ревизија, а ДКСК во секој момент ад-хок може да прави контрола на политичките партии, на нивното финансирање, што е во согласност со Изборниот законик каде што контролата се прави за време на изборната кампања.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ