ЦИВИЛ денеска со почеток во 13 часот во хотел Сити Парк ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“.
Со оглед дека идентитетот и идентитетските прашања се секогаш актуелни во јавниот, академскиот и политичкиот дискурс во светот, но и во Македонија, прашањето на можноста за губење на идентитетот е извор на сериозни политички поделби и тензии, особено по историскиот Преспански договор меѓу Македонија и Грција во јуни 2018 година.
За да фрли светлина на овие прашања од низа различни аспекти, ЦИВИЛ го започна проектот „Губење на идентитетот или…?“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во проектот учествуваа низа звучни имиња од областа на политиката, науката, медиумите и граѓанското општество.
Б.Ј.