Со твитерџијата Виктор Гичев (@vikohyeah), еден од организаторите на #ТвитерНагради, зборувавме и за влијанието на Твитер како социјална платформа, како и во споредба со Фејсбук.
„Претходно, Твитер беше социјална мрежа каде што отвораш за да се насмееш, да се расположиш, меѓутоа тоа влијание се почувствува со преземање од многу други социјални мрежи. Многу профили како најдобри твитови, макеоднски најдобри твитови и слично, по Истаграм и Фејсбук, што преземаат содржина од Твитер. Тоа на некој начин му ја зголеми важноста на Твитер и привлече многу корисници. Влијанието реално е големо. Настаните, иницијативите што се организираат покажуваа дека имаат влијание, дека нешто се дејствува, се случува…“, оцени Гичев, додавајќи дека освен за политичките настани во 2018 година најмногу се твитало за спортски настани.
Сепак, додава Гичев дека уште ги има оние стари твитерџии што го практикуваат стариот стил на твитање со хумор и духовитост.
Можеби единствената слабост е малиот број на каратери, но за Гичев тоа воопшто и не некаков проблем со оглед на можноста да се сподели линк или фотгорафија за повеќе информации.
„Фејсбук е ист што бил и порано, но подобар е Твитер затоа сите влијателни лица прво објавуваат на Твитер, па потоа на други социјални мрежи… Лажните вести, пак поминуваат секаде. Мене ми се случи да споделам лажна вест со негативен коментар. Подоцна се извинив кога видов дека повеќе медиуми ја споделиле веста со точни информации. Споделувањето на лажни вести е исто кај сите медиуми, но на Твитер не можеш да го таргетираш. Профилот што споделува лажни вести го чита само онаа публика што го следи. На Фејсбук има финансирани објави каде што се таргетира кој да ти ја прочита информацијата“, изјави Грчев, посочувајќи ги дечките од Велес што ја искористија таа можност на Фејсбук и заработија многу.
Твитер заедницата во Македонија се одликува и со една хуманитарна нота, но иницијативите што ги преземаат дополнително придонесуваат до зголемување на видливоста и влијанието во јавноста.
Биљана Јордановска
Камера и фотгорафија: Дехран Муратов