На 26 декември ЦИВИЛ потсетува на 26-иот член од Универзалната декларација, кој гласи: 1.Секој има право на образование. Образованието треба да биде бесплатно, барем во основните и нижите школи. Основното образование е задолжително. Техничкото и стручното образование треба да бидат достапни на сите подеднакво врз основа на нивната способност, а пристапот кон високото образование ќе биде достапен за сите врз основа на заслужените оценки.
2.Образованието треба да биде насочено кон полн развој на човековата личност и зацврстување на почитта за човековите права и основни слободи. Тоа треба да го унапредува разбирањето, трпеливоста и пријателството меѓу сите народи, расни и верски групации, како и дејноста на Обединетите Нации за одржување на мирот.
3.Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието за своите деца.
Со слоганот „Слобода, правда, еднаквост“, ЦИВИЛ – Центар за слобода иницира Месец на активизам за човековите права во текот на целиот месец декември.