„2018 година без сомнение помина во знакот на Преспанскиот договор и целиот процес на ратификција на Договорот и сега процес преку промена на Уставот и на уставните амандмани… Тоа беше највпечатливото во оваа година“,изјави професорката Мирјана Малеска во разговор за ЦИВИЛ МЕДИА, како дел од серијалот „Перспективи 2019“.
„Јас гледам пооптимистички на перспективата на Македонија. Очекувам дека уставните амандмани ќе поминат и дека таа страница на кофликт со Грција ќе биде затворена и дека Грција ќе буде наш поддржува, пријател, сè она што не беше до сега. Од економската блокада во 1991 до сите проблеми што ги имаме во меѓународните организации, да не можеме да влеземе или пак да влеземе под привременото име, сето тоа би требало сега да го нема… да имаме една поддршка и помош, ќе станеме ченки на НАТО и со тоа ќе се поткрене нашата безбедност на повисоко ниво. Се очекува и економските придобивки од тоа да бидат поголеми. Ќе се сврти енергијата на општеството кон суштествени работи, како што се вработување, стандардот на граѓаните, меѓуетничките односи… Сега кога се направени првите чекори на подобрување во меѓусоседските односи, очекувам постабилна држава, побезбедна држава, очекувам подобар живот за сите“, изјави Малеска за нејзините очекувања во контекст на политичките и општествени состојби во Македонија во 2019 година.
Текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Фотогорафија: Ариан Мехмети
Овој разговор е дел од серијалот „Перспективи 2019“ во рамките на проектот „Граѓанки и граѓани за слободно општество“ на ЦИВИЛ, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.