Продолжението на седницата на која на дневен ред се уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, иако беше закажана за 12 часот, се уште не е започната.
Низ собраниските ходници се шпекулира дека таа повторно ќе биде одложена за 15 часот, но официјално соопштение од Собранието нема.
Само мал дел од пратениците се внатре во салата. Новинарите чекаат во прес центарот, а протестите пред Собранието се најавени за 13 часот.
Б. Јордановска