• Latest

Трансродово лице од Македонија доби случај во Стразбур

January 17, 2019
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трансродово лице од Македонија доби случај во Стразбур

January 17, 2019 12:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата Маргини денеска во Судот во Стразбур доби позитивна пресуда во случајот „Х против Македонија“, каде Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.

По одлуката на Судот во Стразбур, Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Лицето „Икс“, кое останува анонимно, е роден како девојче, но од своето најрано детство тој се доживува како машко, односно чувствува дека неговиот род не се соодвестува со полот во кој што е роден. Пред девет години ја започнува постапката за менување на полот, со што за него почнуваат правните и административните замки кои ќе го наведат, неколку години подоцна, со поддршка на Коалицијата Маргини, да ја тужи државата во Стразбур.

Министерството за внатрешни работи прифатило да му биде сменето името во личните документи, ознаката за пол останала “женски“, затоа што процедурата за менување на оваа ознака во Македонија се прави според различен закон од оној за промена на името.

Адвокатката Наташа Бошкова, за МИА, потсетува дека иако има недостаток на јасна процедура, постои најмалку еден друг преседан каде управата за водење на матични книги прифатила промена на ознаката за пол во документите за други лица во Македонија. И покрај преседанот, управата го отфрлила барањето на лицето “Икс“ со образложение дека немало доволно докази дека е направена целосна медицинска документација и дека лицето не направило комплетна операција, пишуваат од Нова ТВ.

Правниот тим на трансродовото лице го обжалува решението на управата за матична евиденција.

Судот на транс лицето му доделил 9000 евра нематеријална штета за претрпен стрес во изминатиот период.

А. Петровска 

Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ