ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според нив законот е противуставен, штетен и нелегален.
Како што изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, указот за прогласување на законот за употреба на јазиците е објавен само со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери и без потпис на Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
СДСМ веднаш реагираа на овие тврдења велејќи дека законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.
„Откако Иванов го прекрши Уставот, во надлежност на Собранието и согласно можностите коишто ги дава Уставот, објавувањето на Законот е правен, законски механизам, за да функционира Собранието“, велат од СДСМ.
Б. Ј.