Снимките кои ги бараше јавното обвинителство од Албанија за да утврди како избегал поранешниот премиер Никола Груевски се избришале, откри републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Образложението на албанските власти било дека имало многу снимен материјал на камерите на граничните премини и системот автоматски ги избришал.
Јовески не сакаше да открие дали поранешниот премиер го имало на снимките од камерите низ главниот град. Се оправда дека не може да кажува детали од предистражната постапка којашто се води.
Во меѓувреме Обвинителството ги разгледува и снимките што ги доби од Црна Гора, прибира и други докази, а на распит ќе бидат повикани и сведоци кои можат да помогнат во расчистување на случајот.
М. И.