• Latest

Македонско ријалити шоу (втор дел)

February 10, 2019

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонско ријалити шоу (втор дел)

February 10, 2019 11:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

(линк до ПРВ ДЕЛ)

Предлог за трета сезона од „Македонското ријалити шоу“

Предлог наслов: „Извесните пропусти на институциите во Македонија, поврзани со претходните сезони на шоуто и можни решенија“

Поднаслов: „Е, бабата … да имаше, дедо ќе се викаше“.

Фросина Митрушева

Со обработка на тие „извесни пропусти во работењето на институциите“ третава сезона од ријалити шоуто може драма да се стори.

Во оваа епизода се менуваат јунаците од првите две сезони. Главната ѕвезда Грујазилантош не се појавува, иако е главниот поврзувач на дејствието.

За да добие серијалот интерактивност со публиката се појавува нов, пасивен учесник. Гледач со псевдоним „Јас да бев…“ кој ги коментира случувањата од своја гледна точка.

Како работат институциите? Би требало по правила и процедури. Еве го моето видување на процедурите и тоа како би требало да се применуваат.

Епизода: „Институцијата МВР“

На бившиот премиер, според правилата и процедурите во МВР му следува 24 часовно обездедување. Во правилниците и процедурите на таа институција не постои обезбедување на повик. Значи, просто е.  Непочитувањето на правилата и процедурите го овозможило бегство. Кој „направил извесен пропуст“ и не ја испочитувал процедурата? Обезбедувачите самоволно ја прекршиле процедурата? Тие имаат име и презиме. Нивниот надреден им наредил да ја прекршат процедурата? Тој има име и презиме. Надредениот добил наредба од својот надреден? Тој има име и презиме.

Не се потребни три месеци за да се качиме на пирамидата од тие имиња и презимиња и да стигнеме до врвот, оној што е најодговорниот за функционирањето на институцијата, Оливер Спасовски.

Оливер Спасовски е тој кој  требаше да ја изоди пирамидата надолу и да ги открие имињата и презимињата на тие што „направиле пропуст“ во работењето и го овозможиле бегството на најпопуларниот осуденик во државата.

Во негови компетенции е тие лица да ги санкционира сите нив со отказни решенија и пријави за кривичното дело помагање на бегство на осуден на затворска казна. Таа работа се завршува за еден ден. Долг и мачен, ама пократок од три месеци.

[Јас да бев Оливер Спасовски, на крајот од таа епизода ќе си дадев неотповиклива оставка. На плеќите тешко ќе ја носев совеста која ќе ме гризаше до крајот на животот заради пропустите со тешки последици кои сум ги направила во моето работење. Ама тоа веќе ќе беше моја лична работа, а не нешто од јавен интерес.]

Но, Оливер не направи ништо од тоа.

Подепизода во епизодава: „Институција Претседател на Влада“

[Јас да бев Зоран Заев?

Пријателски ќе му сугерирав на Оливер, кој не се сетил да си даде оставка, да го направи тоа за да не ги резили институцијата МВР и институцијата Влада. Ако и после пријателската молбата Оливер не се досетеше што треба да направи, ќе ги искористев своите компетенции како Претседател на Влада. Ќе го сменев од министерското место и ќе назначев друг, кадарен да го расчисти случајот со „пропустите“ во МВР и да почне да ја чисти институцијата. Значи, ќе го испочитував својот деклариран став дека понекогаш е неопходно за повисоки цели да се направи храбар потег. За ставот да не остане само декларативен, ќе го жртвував пријателство заради повисоката цел – одлучна борба за функционални институции во државата.]

Епизода: „Институција суд“

Кривичниот суд, поточно луѓето кои во него работат, на неколку пати  утврдија дека нема потреба од изрекување мерка притвор на лице обвинето во повеќе процеси за тешки кривични дела. Проценија дека одземањето на пасош е доволна мерка на претпазливост. Во држава во која на барем две граници може да се помине со лична карта. За лице кое во секое село кон било која граница може да добие логистика од барем еден кој го има истетовирано неговиот лик на градите, блиску до срцето. Да, мерката притвор не треба да се злоупотребува, но треба да се употребува во случаи на висок ризик од бегство. Да не се лажеме, не е ист ризикот од бегство на Трпе што крадел ќебапчиња и на Груевски.

Ама, истите судии вработени во до пред две години „заробеното судство“ решија дека сега е моментот да глумат независност и грижа за човековите права на обвинетите. Оти во меѓувреме се реформираа во умот.

[Јас да бев реформиран член на судскиот совет кој не ја согледал опасноста од бегство и ги одбивал барањата за притвор, во било кој момент и за било кој судски процес за нашата ријалити ѕвезда до ноември, во ноември ќе си поднесев оставка. Заради срамот од својата кратковидост и неспособност да ги согледам последиците од својата одлука.

А да бев човек кој има компетенции за такво нешто, ќе поднесев барање за разрешување на сите членови од судскиот совет заради нивна неспособност за објективно расудување, која допринела за бегство на човекот обвинет во најголем дел на процеси за тежок криминал.]

Епизода: „Институцијата СЈО“

Институција формирана заради надеж. Институција која во изминативе години заврши лавовски дел од својата работа и процесираше во судот предмети за кои до пред три години не смееше ни да се шепне.

Меѓутоа, во епизодата за СЈО на македонското ријалити шоу кравата ја турна кантата со млеко.

Катица Јанева во моментот кога е донесена првата долго очекувана пресуда за затворска казна за ѕвездата на шоуто и во кое таа всушност има една од водечките улоги, не бара изрекување на мерка притвор за јунакот!

Од наивност?

Човекот до тогаш редовно се појавувал на суд што било индиција дека нема намера да бега. Кате, наивна. Па и дете знае дека редовно појавување на суд и појавување пред затворската порта за да издржуваш (барем) двегодишен затвор се две многу, многу, различни работи.  Можеби наивно поверувала дека тој е спремен да изгние во затвор за Македонија ако треба? Можеби слушнала дека човекот си купува патики, тренерки и сапунчиња, па наивно поверувала во приказната дека се подготвува за затворскиот „All seasons“ аранжман? Многу наивност.

Од незнаење?

Не знаела Кате дека Грујо повлекол 120 илјади евра од три македонски банки во еден ден. Да го знаела тоа, ќе побарала притвор. Да? Не знае Кате дека обвинителството кое го води за него има отворено истраги за незаконска заработка на многу поголеми пари? На пример, за кинеската провизија од 18 милиони евра. А тие пари ги нема во македонските банки, па можеби го чекаат во некое странство? Многу незнаење е тоа.

Дури и да ѝ го простиме на Кате незнаењето и наивноста баш во клучниот моментот, се поставува прашањето: Зошто Кате не покрена истрага со која ќе се утврди каде на патот од банките до СЈО залутала клучната информација за банкарските активности на Грујо? Тоа е барем лесно. За движењето на документи низ институциите има строго дефинирани процедури. Документи се архивираат и предаваат од еден на друг со потписи за примопредавње. Сите тие потписи ги откриваат имињата на оние низ чии раце патувал документот. И оп, еве кој направил „пропуст“. Кој човек, а не која институција. А пропустите се санкционираат. Ама, наивната и добродушна Кате се одлучи за варијантата „Добро де, биднало. И да дознаеме кој е пропустливиот не може да го вратиме времето назад и да ја оправиме работата“.

О, Кате. Премногу наивност и незнаење во твојата епизода на ова ријалити шоу. Непростливо премногу. Бараат промена. Никој не е незаменлив.

[Јас да бев Катица Јанева, веќе три месеци ќе ги уживав благодетите на чистиот воздух и благата гевгелиска клима. Нормално дека ќе си дадев оставка! За една грешка? Нека е една, ама е фатална. Грешка која во миг го сруши кредибилитетот на една многу важна институција и ја исплука целата долга и мачна работа на луѓето кои изгинаа од работа таму последниве години. Не може некој да си замислува дека е голем лидер и носител на историска задача и да си го дозволи луксузот на правење таква грешка. По дома може да си бидеме наивни и неуки, ама како водачи на институција од овој калибар, не!]

Ако Катица Јанева си поднесеше оставка гледачите на шоуто веројатно ќе беа шокирани на почетокот. Собра многу симпатии овој добродушен, наивен, неук, ама позитивен јунак на шоуто. Но, ќе си отидеше како горд позитивен лик спремен да се самосоочи со последиците од својата грешка. А сега? Уште е во шоуто, ама се претвори во уште еден досаден и лигав лик од долгата трагикомична сага.

Видување на шоуто од страна на гледачот „Јас да бев…“

Леле, сега сфаќам колку сум среќна што не сум… било кој од нив. Остај што еден куп луѓе ќе останеа без работа, туку и јас сега ќе бев невработена, оти ќе си дадев оставка.

Да, знам дека е многу полесно да се коментира и критикува, отколку да се работи и создава. Ама, ако некој доброволно седнал на жешкото столче поставено за некое работно место, особено функционерско, има само две решенија. Или ќе ја издржи неподносливата жештина за да ја сработи работата која ветил дека ќе ја сработи и заради која е седнат и платен, или ќе избега некаде на поладничко, а столчето ќе го препушти на некој поиздржлив.

Македонското надреалистичко ријалити шоу. Тажно, мачно и бљак. Уште сега ме фаќа страв од било која наредна сезона. Знам дека нема да изнајдам сила да не ја пратам. Тоа ти е. Кога ќе те навлечат на петпарачките шоуа, нема враќање назад.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Илустрација во прилог на текстот: Three grotesque old men with awful teeth grimacing and point

Print Friendly, PDF & Email
Share52Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ