• Latest

Правата во Македонија имаат боја

February 11, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правата во Македонија имаат боја

February 11, 2019 10:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас сум Хинд Мухамед Алболуки од Обединетите Арапски Емирати, имам 42 години и 4 деца. Нема да навлегувам во детали од мојот приватен живот, но еден ден му соопштив на сопругот дека барам развод, но тој се спротивстави на тоа. Побарав поддршка од моето семејство, кое не само што не ми даде поддршка, туку му се закани дека попрво ќе ми го одземат животот, отколку да го дозволат тој срам, разводот. И сопругот и моето семејство се високи функционери во мојата земја. Животот ми беше константно исполнет со страв. Во Дубаи запознав пријатели од Македонија, кое ја знае мојата мака. Ми рекоа дека е најбезбедно да дојдам кај нив во државата. За влез во Македонија не ми е потребна виза, а тие истражуваа и ми рекоа дека имаат нов Закон за меѓународна и привремена заштита според кој, на основ на мојот страв дека семејството ќе ме убие заради срамот кој сум им го нанела, ќе добијам азил, ми ги цитираа следниве членови:

Мерсиха Смаиловиќ

„Причини за прогон, Член 7

При процената на причините дека едно лице поради оправдан страв ќе биде прогонето заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување особено се земаат предвид елементите од ставовите (3), (4), (5) и (6) на овој член за раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување.

….. Елементите поврзани со родот, кои го вклучуваат родовиот идентитет, треба да се земат предвид при определување на членство или карактеристика на одредена социјална група.

(7) При проценката дали барателот има оправдан страв од прогон не е од значење дали барателот навистина ги поседува расните, религиозните, националните, социјалните или политичките карактеристики кои го предизвикуваат таквиот прогон, под услов таквата карактеристика да му е припишана од страна на вршителот на прогон.“

Пријателите дојдоа пресреќни, ми кажаа дека Македонија е една од ретките земји каде јас можам да патувам без виза, а згора на тоа, неодамна ја ратификувала Истанбулската Конвенција. Тоа беше пресудно во ноември 2018-та да го побарам спасот во оваа земја во Европа. Додека ми се потеа рацете во авионот кој слета во Македонија, си ги читав овие членови од Истанбулската Конвенција:

Член 60 – Родово засновани барања за азил

1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат родово заснованото насилство врз жените да може да се препознава како форма на прогонување во рамките на значењето на членот 1 од Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и како форма на сериозна загрозување кое бара комплементарна/супсидијарна заштита.

2. Страните обезбедуваат дека родово чувствително толкување се дава за секој од основите во Конвенцијата и дека кога е утврдено дека стравот од прогонување се однесува на еден или повеќе основи, на барателите да им се одобрува статус на бегалци во согласност со применливите релевантни инструменти.

Член 61 – Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)

2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека жртвите на насилство врз жените на кои им е потребна заштита, без оглед на нивниот статус односно престој, нема под ниту еден услов да бидат вратени во ниту една земја во која нивниот живот би бил во ризик или каде што би можеле да бидат подложени на мачење или нехуман односно деградирачки третман или казнување.

Земја со вака силни закони, земја која е во Европа, е таа во која решив да барам заштита.

При крајот на мојот престој, решив да ја започнам постапката за барање на азил. Бев сместена во Прифатниот Центар за азил во Скопје, каде условите беа ужасни. Далеку од тоа на што сум навикнала, но, сепак бев во безбедна земја. Но, адвокатот кој ме застапуваше ми кажа дека Министерството за Внатрешни Работи смета дека сум опасност за безбедноста на Македонија и дека мораат да ме стават во притвор додека чекам на конечната одлука од македонските судови. Почнав да се тресам од страв и бес, како можам јас, една жена, мајка, да бидам опасност за Македонија, кој закон јас сум го прекршила? Зошто притвор, зарем барањето азил не е мое човеково право, зарем јас жртва на семејно насилство и закани не сум заштитена во оваа држава?

И еве ме, во Прифатниот центар за странци Гази Баба, скоро два месеци. Адвокатот ме извести дека сите Судски органи во Македонија го одбиле моето барање за азил и дека постои опасност да бидам вратена во Емиратите! Ах, да можев со мои очи да ги погледнам судиите кои ми ја потпишале смртната казна, дали знаат дека во Пекол ме праќаат! Каде се сите закони кои претходно ги читав?

Пред да бидам сместена во Гази Баба, објавував видеа на twitter, со надеж дека во Македонија постојат невладини организации за човекови права и за правата на жената кои ќе го кренат гласот против оваа неправда која ми се нанесува. Но, немаше поддршка, немаше протести пред Гази Баба. Само некои храбри поединци и организации го кренаа гласот! Се прашував за кого постои Истанбулската конвенција за која се бореле феминистките во Македонија? Каде се моите сестри борки да ме поддржат во мојата борба? Дали тие права во Македонија постојат само за белата европска жена по можност христијанка или атеистка?

Се шокирав кога дознав дека имам 15 дена да ја напуштам Македонија, или ќе ме депортираат назад. Се шокирав, бидејќи сѐ уште бев зад решетките! Како да заминам кога сум затворена? Како??? Немам веќе глас, онемев, но тивко си повторувам: Не ме враќајте назад, ве преколнувам!!!!

Денес, 11 февруари, Судот во Стразбур донесе времена мерка каде бара од властите да ме ослободат од притворов и на слобода да ја чекам конечната одлука за азилот. Го чекам судот во Македонија да се огласи, надевајќи се дека и сега ќе биде брз во својата одлука како што беше експедитивен со одбивањето на моето барање за азил. Во меѓувреме ја чекам слободата да заминам и оваа земја, мојата потреба за заштита ја препознаа земји во кои законите постојат за да се почитуваат. Во земја каде човековите права постојат за сите луѓе!

Збогум Македонија, земја каде што сонцето сјае само ако доаѓаш од запад.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share208Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ