ЦИВИЛ – Центар за слобода прибира пријави (апликации) за краткорочни и долгорочни набљудувачи на изборниот процес. Предност имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.
Организацијата, позната по објавувањето на ставовите и фактите за реалноста без калкулирање и цензура и по бескомпромисната борба за човекови права и слободи, спроведува долгорочен мониторинг на општествено-политичките и изборните процеси и состојбата на човековите права.
ЦИВИЛ останува отворена за учество на сите граѓанки и граѓани со можноста да пријавуваат случаи на повреда на човековите права, како и изборни нерегуларности, поткуп на гласачи, притисоци, закани, говор на омраза и насилство. Воедно, се отвораат и нови позиции во повеќе општини низ земјата.
Посебен фокус на мониторингот на ЦИВИЛ во наредниот период ќе биде политичкото финансирање, корупцијата, национализмот и екстремистичките тенденции во земјата.
Овие активности се дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во март и април ќе бидат одржани и неколку семинари за обука и работилници со успешните апликанти за ангажман во проектите и во мониторингот.
Сите текстови потпишани со ЦИВИЛ Тим за односи со јавноста се достапни за целосно преземање и објавување. Авторските права за фотографиите и илустрациите се задржани.
Фотографија во прилог на текстот: Б. Јордановска (од теренските активности на ЦИВИЛ во 2016 година, проект „Напред!“ за мониторинг на изборните процеси)
*
Во соопштението на ЦИВИЛ има и додаток во кој организацијата ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да останат во контакт и да учествуваат во проектите:
ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ СО ЦИВИЛ
Лајкнете ја Фејсбук страницата ЦИВИЛ.МК за да ги следите активностите на организацијата и продукцијата на медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски јазик.
За да дознаете повеќе за медиумската платформа на ЦИВИЛ, кликнете ТУКА (преглед на кој се наоѓаат линковите на сите веб страници на организацијата).
За оние што се заинтересирани за посебни теми, можат да ги лајкнат и тематските Фејсбук страници:
Социјална правда и работнички права: СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА!
Екологија, социјална правда и антинационализам: GREEN CIVIL
Граѓанско новинарство, транспарентност и одговорност: CITIZEN JOURNALISTS MACEDONIA
Сѐ што ЦИВИЛ објавува за изборните процеси: СЛОБОДНИ ИЗБОРИ | ZGJEDHJE TË LIRA
Фејсбук страницата на www.drejt.mk на албански јазик: DREJT.MK
За повеќе информации, пишете ни на [email protected] или јавете се на 02/5209176. Работното време на ЦИВИЛ е 9-17 часот секој работен ден.