Државната комисија за спречување на корупција отвора нови предмети за судир на интереси при вработување на роднини на функционери.
Предмети ќе се отвораат и за функционери од претходната власт, како што се Игор Јанушев, Антонио Милошевски и Кирил Божиновски. На списокот се наоѓаат и роднини на актуелните пратенци од владејачкото мнозинство, како и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Полижани, кој уште не доставил анкетен лист за имотната состојба.
Сите случаи се по допрен глас. Претходно, ДКСК отвори 18 предмети, а дел од оние што се најдоа на нивниот список си дадоа оставки.
Б. Ј.