• Latest

ИВЗ против новиот закон за прекин на бременоста

February 28, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИВЗ против новиот закон за прекин на бременоста

February 28, 2019 11:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Исламската верска заедница се огласи по повод, според нив,  екстремната либерализација на абортусот, откако  Владата на Северна Република Македонија го усвои Предлог законот за абортус со кој се укинуваат постојаните административни процедури.

Во законот се уредува прекинување на бременоста на барање и со дадена согласност по добиени информации и спроведено советување на бремената жена, по 12-тата до 22-та гестациска недела од страна на лекар специјалист по гинекологија и акушерство, со можност за барање на дополнително мислење од друг лекар специјалист по гинекологија и акушерство, прекинување на бременоста на барање и со дадена согласност по добиени информации и спроведено советување на бремената жена, по 22-та гестациска недела во постапка пред првостепена комисија и право на приговор до второстепена комисија, како и условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи за вршење на постапка за прекинување на бременостa за таа да се спроведува согласно востановени медицински стандарди, упатства и протоколи заради минимизирање на опасностите по животот и здравјето на жената.

Исламската Верска Заедница излезе со соопштение за усвоениот закон.

Во врска со предлог законот за прекинување на бременоста  (абортусот), предложен од Владата на Македонија.

Професионалната служба за верски прашања на Ријасетот на ИВЗ  со посветеност ја следи дебатата во врска со предлог законот за  прекинување на бременоста (абортусот), предложен од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Верска заедница на РСМ, потпирајќи се на автентични исламски аргументи (Kуран-Сунет), како и во консензусот на исламските правници на сите времиња, за Владата на РСМ го дава следното појаснување.

Абортусот, според автентичните исламски извори и според консензусот на исламските правници, не се смета за општествено решение, освен ако тоа е неопходно.

Ставот на исламот во врска со абортусот е следниот:

Престанок на бременоста (абортус), според исламот, може да се направи до 120 дена од денот на бременоста (четири месеци). Абортусот до истекот на овој временски рок, се третира како прашање на совеста, а абортус по 120-от ден се смета за незаконски незаконски и како таков, се смета за кривично дело, што значи дека надлежниот орган е должен да поднесе кривична пријава, како за лекарите кои го вршат абортусот, така и за жената која абортирала.

Причината за забрана на абортусот после овој период (120 дена) е поради тоа што детето после овој период се чувствува живо и му се гарантира правото на живот, што значи дека нападот врз него е напад врз животот.

Затоа сметаме дека членот 8, став 1, кој гласи: “Прекинувањето на бременоста може да се направи и после 12 недели (84 дена) до  22-та недела (154 дена), врз основа на писмено барање, кое го    доставува бремената жена … ” е во спротивност со основните исламски принципи и, како таков, не може да биде прифатен од муслиманите.Абортусот кој треба да се направи пред овој период  (пред 120 дена) мора задолжително да биде со целосна согласност на двете страни (на жената и на мажот), од кои е формиран плодот, затоа што во спротивно имаме повреда на основните права. Прифаќање на абортусот само со согласност на бремената жена, без согласност на брачниот другар, како што е споменато неколку пати во предлог законот, како што се членовите 2, 3, 4 итн. не се совпаѓа со општите принципи на правото, а уште помалку со принципите на исламската јуриспруденција, така што и ова е неприфатливо.

Абортус по 120 дена може да се направи само кога животот на мајката е во опасност, а тоа е докажано од страна на сведочењето на стручни лекари од соодветните области и со согласност на двете страни (на мажот и на жената). Се проценува вака затоа што кога се работи за живот на мајката или детето, животот на мајката има поголем приоритет да биде заштитен. Имајќи предвид дека голем процент од населението припаѓа на исламската вера, очекуваме ова објаснување да се земе предвид, бидејќи така би придонеле за доброто на мајката и на детето.

 

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ