Премиерот Зоран Заев денеска во Виена се сретна со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц на која се зборуваше за членстовото на Република Северна Македонија во ЕУ.
„Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцираше Заев на средбата со Курц.
Средбата, како што истакна Курц, уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји. По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија, во тој процес, Курц истакна дека Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија.