„Со пизвршената ревизија за 2017 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи, додека за усогласеноста на финасиските трансакции со релевантна законска регулатива, упатства и воспоставените политики, изразивме мислење со резерва“, се вели во Конечниот извештај за извршена ревизија на финасиските извештаи на Министерството за надворешни работи за 2017 година од Државниот завод за ревизија.
Според ревизорите најголемиот пробле во МНР се финансиските одделенија и административното работење. Како што забележуваат најголем дела од дипломатско конзуларните претставништва функционирале без амбасадор или генерален конзул, односно, заклучно со 2017, од вкупно 57 амбасади, 21 функционирале без амбасадор.
Во извештајот има забелешки и во недоследно применување на законот за јавни набавки. Како пример, наведуват дека амбасадите не ги вратиле непотрошените пари во тековна година државниот буџет. Исто така во 2017 година МНР планирала 21, 796 денари за една намена, а биле пренаменети за нешто сосема друго без согласност на Министерството за финансии.
Меѓу наодите на ДЗР е невоспоставена соодветна евиденција на земјиштето што го поседува МНР, не е воспоставена евиденција на преземените обврски на ДКП поради што не е извршено пријавување во единствената база на податоци во трезорот, преиспитување и доуредување на висината и начинот на пресметка на платата на посебните советници…
Одговрност за сите недоследности во ревизорскиот извештај е на претходиниот министер за надворешни работи, Никола Поповски, и на сегашниот мистер, чиј мандат запона на 1 јуни 2017, Никола Димитров.
Б. Ј.