• Latest

Дебар станува кошмар за СДСМ

March 21, 2019

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебар станува кошмар за СДСМ

March 21, 2019 16:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Арбен Зеќири

СДСМ сè уште нема одлука како ќе постапи на локалните избори во Општина Дебар. Во последните часови до крајот на рокот за поднесување на кандидатури, кој истекува вечерва на полноќ, сигурно е само дека СДСМ нема да има свој кандидат во оваа општина. Но, најголемата партија на власт сѐ уште нема одлука дали ќе го поддржат кандидатот на коалицискиот партнер, ДУИ, или ке останат неутрални.

Имајќи предвид дека предвремените локални избори во Дебар се одржуваат во исто време со претседателските избори, позицијата на СДСМ станува сѐ понеспокојна. Од една страна, СДСМ има можност да го поддржи коалицискиот партнер, кои му дадоа поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Од друга страна, пак, СДСМ се наоѓа и пред ситуацијата да ја налутат опозициската коалиција, Алијансата на Албанците и Движењето Беса, кои имат заеднички кандидат во Дебар и единствен кандидат од албанските партии на претседателските избори.

Евентуалната победа на кандидатот на ДУИ, благодарение на директна и јавна помош од СДСМ, создава опасност албанските опозициски партии да се налутат и најмалку што можат да направат за да се „одмаздат“ е да бојкотираат или да бидат неутрални во вториот круг на претседателските избори.

СДСМ сѐ уште е меѓу дилемата, кој блок на албански партии го контролира најголемиот број на гласачите во албанскиот електорат и која страна им е поисплатливо да (не) ја „налутат“. Преку разни портали денеска се објави и веста дека ВМРО-ДПМНЕ може да му даде поддршка на кандидатот на Алијансата за Албанците во Дебар, а за возврат да добие подршка од АА за нивната кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска. Но, од партијата на Зиадин Села, најостро се демантира постоење на еден таков договор.

„Се оградуваме од секоја лажна вест и клевета посочена кон нашиот субјект, наводно, дека ќе поддржиме македонски кандидат во вториот круг. И за време на процесот на уставните промени, го поддржавме Преспанскиот договор со цел да станеме членка на НАТО и целосно сме посветени на патот кон интеграција на државата во Европската унија. Ова го потврдуваме постојано уште од самото основање на Алијансата за Албанците“ – се вели во писмената реакција на АА.

Сепак, овој демант не ја смирува другата страна, конкретно, најголемата владејачка партија, СДСМ. Од партијата на Села тврдат дека нема да прават позадински пазари и дека Алијансата за Албанците ќе работи само на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија.

„Алијансата за Албанците не прави тајно политичко пазарење, ниту за претседателските избори, ниту за локалните избори. Нашата единствена цел е победа на искрените Албанци во двете трки во кои што влеговме. Алијансата за Албанците никогаш не направила изборно партнерство со ниту еден македонски ентитет, ниту пак ќе го стори тоа во било кој момент, ако тоа не е во служба на унапредување на правата на Албанците, во согласност со политичката платформа на АА и со целосна транспарентност пред Албанците и пошироката јавност”, тврдат од Алијансата за Албанците.

Оваа партија, во првиот круг на претседателските избори, ќе го подржи независниот кандидат, екс амбасадорот Блерим Река, кој за прв пат е едиствен кандидат Албанец на претседателски избори. Собраниот број на гласови во првиот круг се гледа како можен капитал на оваа партија и на партијата на Биљал Касами за преговори и условување во вториот круг на претседателските избори.

Оттука, тврдат партиски извори неофицијално, произлегува и стравот на СДСМ околу поддршката на локалните избори во Дебар.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ