• Latest

И вработен во МВР шири говор на омраза на Фејсбук

April 4, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И вработен во МВР шири говор на омраза на Фејсбук

April 4, 2019 14:34
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна, вниманието на набљудувачите на ЦИВИЛ го привлече и активноста на социјалните мрежи на вработен во македонската полиција кој шири говор на омраза на Фејсбук. Се работи за Зоран Димовски, кој според нашите извори работи во МВР.  Тој, пред извесен период, на една објава на еден портал, со наслов „Македонците останаа цигано-скопјанос на парадата во Атина“, искоментирал: „Благодарение на циганот Димитрос“, алудирајќи на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

 

Ако се погледне профилот на овој полицаец, може да се забележи дека пред една година, профилната фотографија му е во рамка на ВМРО, каде што пишува „Слобода или смрт“, со камата, ножот и кубурот. ЦИВИЛ смета дека припадниците на полицијата не би требало да се впуштаат во ширење говор на омраза, партиска пропаганда, а особено не кога тоа вклучува и симболи што уптауваат на насилство. Тоа го подрива чувството на безбедност и ја потценува непристрасноста на институциите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човековите права и слободи, преку соопштение, побара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. „Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ, како и во реакцијата на видни активистки и активисти за човекови права.

Џабир Дерала, во рафалот насловен „Исчистете го фашистичкиот шљам од институциите!“, пишува: „Екстремизмот во македонското општество и во системот е долгогодишна операција од која нема да се ослободиме ако се молчи и ништо не се презема. Можеби со огромно задоцнување, но мора да се започне веднаш, денеска. Според законите и стандардите што веќе ги има во нашето законодавство!“

ЦИВИЛ упати барање до МВР да го расчисти овој случај.

Дехран Муратов

Share39TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ