Државната изборна комисија и официјално го заклучи Избирачкиот список со што вкупно 1.808.131 граѓанки и граѓани ќе можат да го искористат своето право на глас.
Најдоцна до 5 април изводите од списокот од Избирчакиот список треба да бидат потпишани од ДИК. Во недела, во просториите на ДИК кандидатите за претседатели на државата, Стево Пендаорвски, Блерим Река и Гордана Силјановска Давкова треба да потпишат Кодекс за фер и демократски избори.