• Latest

1 април: Започнаа изборните кампањи, официјална посета на Ципрас во Скопје…

April 1, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

1 април: Започнаа изборните кампањи, официјална посета на Ципрас во Скопје…

April 1, 2019 15:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска започна кампањата за шестите претседателски избори, каде за доверба од народот ќе се тркаат Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кампањата ќе започне од Охрид. Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата, кампањата ќе ја започне во Прилеп, а Блерим Река, независниот кандидат поддржан од  Алијансата за Албанците и Беса, во Скопје.

Кампањата за претседателски избори ќе трае до 19 април.

Покрај претседателските избори, на 21 април ќе се одржат и предвремени локални избори во Охрид, Ново Село и Дебар, каде кандидати во Охрид се Михаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Кандидати за Ново Село се Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.

Во трката за градоначалник на Дебар ќе учествуваат двајца кандидати Хекуран Дика, кандидат на ДУИ и Арбен Аголи на Алијасата за Албанците, поддржан од Движењето „Беса“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на посета во Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе престојува на официјална посета во Скопје, а во фокусот на разговорите ќе бидат безбедносната и економската политика.

„Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња“, изјави Ципрас во интервју за МИА.

Власта и опозицијата утре со преговори за СЈО

Власта и опозицијата утре ќе се обидат конечно да се договорат за СЈО, иако утре за прв пат Северна Македонија ќе ја посети грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Преговарачките тимови на власта и на ВМРО-ДПМНЕ утре во 15 часот повторно ќе седнат на маса да разговараат за Законот за јавно обвинителство со кое се решава и судбината на СЈО, потврдија од Министерството за правда за Плусинфо.

УЈП започнува со достава на годишните даночни пријави до граѓан(к)ите 

Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.

Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

ЦИВИЛни активности

Хроника

„Кандидатите за претседател на државата по неколкудневна политичка апстиненција, официјално од денеска почнаа со претседателската кампања, (а неофицијално веќе тераа(т) со кампањата).

Првиот твит на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на 31 март, гласи: „Во следните 20 дена со граѓаните на секоја општина ќе зборувам за мојот план и програма за напредок и подобар живот за сите. Почнуваме од Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп. Се гледаме утре!#ЗаедноНапред#ЗаСтево. На 1 април, кога веќе и официјално почнува кампањата напишал дека ќе биде претседател на сите граѓани“, се вели во предизборната хроника  на ЦИВИЛ Медиа – Прв ден: Силјановска се „шегува“, Пендаровски најавува подобар живот, Река – ЕУрека… 

Ние сме медиумите во Скопска чаршија

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“во старата скопска чаршија, пред платото на Универзитетот на ЈИЕ, во среда, 3 април, во 18 часот.
Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.

Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство, но и да им објасни на граѓанките новинарки и новинари како можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.

А. Петровска 

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ