• Latest

Прв ден: Силјановска се „шегува“, Пендаровски најавува подобар живот, Река – ЕУрека…

April 1, 2019

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прв ден: Силјановска се „шегува“, Пендаровски најавува подобар живот, Река – ЕУрека…

April 1, 2019 14:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за претседател на државата по неколкудневна политичка апстиненција, официјално од денеска почнаа со претседателската кампања, (а неофицијално веќе тераа(т) со кампањата).

И другарот Тито во промотивната кампања на Пендаровски

Првиот твит на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на 31 март, гласи: „Во следните 20 дена со граѓаните на секоја општина ќе зборувам за мојот план и програма за напредок и подобар живот за сите. Почнуваме од Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп. Се гледаме утре!#ЗаедноНапред#ЗаСтево. На 1 април, кога веќе и официјално почнува кампањата напишал дека ќе биде претседател на сите граѓани.

Во промотивниот спот што го објави Пендаровски, може да се забележат убавините на земјата како од серијата промотивни видеа „Истражи ја Македонија“, но во овој спот покрај ликовите како што е Гоце Делчев, борците од АСНОМ… го има и другарот Тито!

Силјановска се „шегува“, граѓан(к)ите ќе почекаат да слушнат за „Правдата во Македонија“

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, нејзината кампања ја започна на 31 март, во духот на првоаприлска шега, па наместо да каже нешто за себе, таа објави цитат од противкандидатот Пендаровски – ,,Без легитимитет добиен овде од народот, ниту едно решение или предлог за решавање на проблемот со името не смее да излезе надвор од границите на Република Македонија.” – Стево Пендаровски #априлилили #заевизам.

И денес кога официјално започна кампањата, Сијлановска Давкова продолжи со „шегата“ дека државата доби преговори со ЕУ, поради Договорот.

Ок, кога ќе заврши кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ со „шегите“ и „заевизмот“, можеби граѓан(к)ите ќе слушнат и дел од нејзината програма „Правда за Македонија“, Татковината повикува!

На видеото што го објави ВМРО-ДПМНЕ, се гледа како момче и девојка не се откажуваат од пливање, односно патот до нивните идеали и принципи спротивставувајќи му се на „противникот кој не бира средства“. Очигледно сакаат да му ја земат славата на она 12 годишно момче кое го преплива Охридското езеро и докажа дека сè се може ако се сака.

Kандидатот Блерим Река, кој е подржан од Алијансата на Албанците и Беса, ниту во претходниот период, ниту во стартот на кампањата, не напишал ништо на социјалните мрежи. Единствено што објавил е неговиот пропаганден материјал, односно постер, каде што се гледа дека има доста игра на зборови.

Демократската унија за интеграција ќе учествува активно во изборната кампања за претседателските избори, но и за изборите за градоначалник на Дебар, каде имаат свој кандидат. Од ДУИ денеска информираа дека освен централниот штаб во Скопје, ќе бидат отворени уште над триесет општински штабови на ДУИ низ државата.

„Мобилизирани сме сите, вклучувајќи го и раководството на партијата. ДУИ од денес има свој партиски претставник во сите нивоа, илјадници активисти. Во секое населено место ќе ја проследиме нашата определба. ДУИ е определна за концептот за НАТО, за ЕУ, за заедничкиот консензуален претседател, а не евроскептицизам е скептицизам кон НАТО“, рече Арбер Адеми од ДУИ.

Меѓутоа, ниту еднаш не беше спомнато името на консензуалниот кандидат, Стево Пендаровски. Зошто?

Дехран Муратов

Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ