• Latest

2 април: Историска посета на грчкиот премиер во Северна Македонија

April 2, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

2 април: Историска посета на грчкиот премиер во Северна Македонија

April 2, 2019 15:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прва посета на грчки премиер во Северна Македонија

Пристигнувањето на Алексис Ципрас, премиерот на Република Грција, со 15 минути доцнење, се проследи со голема еуфорија и борба за подобро место меѓу камерманите, фоторепортерите и новинарите за обележување на овој историски чин.

И покрај тоа што имаше многу забелешки за организацијата и протоколот за медиумите, сепак, како добри домаќини, предност им се даде на грчките медиуми и странските известувачи, а домашните се снаоѓаа. Колегијаноста и разбирањето меѓу грчките и македонските известувачи беше очигледна.

На пречекот од македонска страна, присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски…

Со Ципрас, дојде и неговата партнерка Перистера Бети Базијана, која ќе го помине денот со сопругата со Зорица Заева, сопругата на премиерот.

На заедничката прес-конференција со Алексис Ципрас, Зоран Заев изјави дека сите ќе имаат придобивки од договорот, од енергетските објекти, од фабриките во двете земји, од трговската размена, од новите гранични премини и туризмот.

Заев додаде дека не верува дека Договорот од Преспа ќе биде поништен при промена на власта, бидејќи договорот носи само придобивки.

Грчкиот премиер Ципрас изјави дека долго време е изгубено и сега мора да трчаме напред и дека она што изгледало невозможно, денеска стана реалност.

„Спомениците кои се однесуваат на античка Македонија и нивното  специфично обележување ќе расчисти дека тие се дел од грчкото минато и култура што е всушност светска култура. Ние сакаме да се зголеми бројот на Грци кои ке ја посетуваат Северна Македонија, дека многу повеќе Грци ќе доаѓаат во Скопје, Струмица“, додаде Ципрас.

„Покрај тешкотиите има многу грчки претприемачи кои во моментот работат и се активни во Северна Македонија. Сепак, мојата делегација носи со себе повеќе од стотина претприемачи со цел да се постигне подобра соработка и односи во иднина. Воспоставивме и координативен комитет за наша соработка, што ќе врши надзор и ќе ги поддржува таквите потфати во рамки на економските односи“, изјави Ципрас.

Посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја поздрави и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, преку видео обраќање.

„Вратата кон сигурна иднина е отворена. Градиме мостови и пријателства со соседите, наскоро влегуваме во НАТО и започнуваме преговори со Европската унија. Можеме да избереме дали ќе продолжиме напред кон подобар живот за сите граѓани или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме со години. Верувам дека изборот на 21 ќе биде заедно да продолжиме напред“, рече Пендаровски.

Покрај големиот интерес од македонските и грчките медиуми за посетата на Ципрас, дваесетина демостранти се обидоа да го искажат својот став проив промената на името и присуството на грчкиот премиер во државата.

Полицијата го очекуваше нивното присуство, па не им дозволи да се приближат до Владата.

Дескоска: Прашање на пратеничките групи и политичките партии е дали ќе сакаат да се приклучат во евроинтергативните процеси 

Министерката за правда Рената Треневска-Дескоска во изјава за медиумите, пред започнувањето на конференцијата „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“, изјави дека не се согласува со тоа дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО.

„Препораките кои ги добивме се многу јасни и се упатени јавно дека она што меѓународната заедница ќе го цени како позитивен исчекор, но и како одлучност во борбата против криминалот и корупцијата, е праќање на сигнал дека било која влада не треба да се плаши од борбата против корупцијата бидејќи секој тип на незаконско делување во рамки на било која влада треба да биде казнето со организирање на јавно обвинителство кое ќе гони сторителите на висока корупација“, додаде Дескоска.

ЦИВИЛ – активности 

Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат во Скопската чаршија

Утре, со почеток во 18 часот во 4 април, во 18 часот во старата скопска чаршија, пред платото на Универзитетот на ЈИЕ, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.

Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство, но и да им објасни на граѓанките новинарки и новинари како можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.

Хроника

И официјално вчера (1 април) започна кампањата на претседателските  кандидати. Секој од кандидатите избра различно место за промовирање на својата кампања, Силјановска-Давкова во својот роден Охрид, Блерим Река во Скопје, и Стево Пендаровски, во Прилеп.

Настапите на секој од кандидатите беа различни, а атмосферата помеѓу насобраните поддржувачи и гласачи очигледно беше во најмала рака, ентузијастична, кај едните со примеси на свечена конвенција и презентација на кандидатот пред одредена јавност, кај другите со овации како по победа на избори, кај третите дури како и на слет – организација при давање штафета на Другарот Тито.

 

А. Петровска
фотографија: Б. Јордановска 

 

Share58Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ