• Latest

Парламентарна кампања на претседателски избори

April 2, 2019

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026

Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

May 26, 2026

Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

May 26, 2026

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

    Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Парламентарна кампања на претседателски избори

April 2, 2019 15:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И официјално вчера (1 април) започна кампањата на претседателските  кандидати. Секој од кандидатите избра различно место за промовирање на својата кампања, Силјановска-Давкова во својот роден Охрид, Блерим Река во Скопје, и Стево Пендаровски, во Прилеп.

Настапите на секој од кандидатите беа различни, а атмосферата помеѓу насобраните поддржувачи и гласачи очигледно беше, во најмала рака, ентузијастична, кај едните со примеси на свечена конвенција и презентација на кандидатот пред одредена јавност, кај другите со овации како по победа на избори, кај третите дури како и на слет – организација при давање штафета на Другарот Тито.

Силјановска – Давкова им се обрати на своите поддржувачи од говорница, навидум со лежерен говор и сигурност на бивш претседател на држава, со употреба на цитати од Прличев, и идеолошка блискост со Бернард Шо, Русо, Џеферсон и Венизелос, со глас како да чита на внуче пред спиење. Не испушти да порача дека кога таа ќе стане претседателка на државата, ќе го смени името, меѓутоа не и пречи да се кандидира за претседател на држава чиешто име не го признава. Во својот говор често се навраќаше на враќање на моралот, што и да значи тоа во овој контекст. Ветото, како алатка на претседател на држава, ќе го користи во секоја дадена можност. Наликуваше на предизборна кампања за парламентарни избори.

Од синоќешниот тромав настап, Силјановска – Давкова денеска се одмори со сесија „Јога со Гога“ на брегот на Охридското езеро, за којашто сесија дури направи и Фејсбук евент, за да и се приклучат нејзините поддржувачи. Според споделеното видео од јога сесијата, посетеноста била слаба. Поддржувачите на Силјановска – Давкова не се толку по мирот во душата, колку што се за извикување пароли по митинзи.

Блерим Река, независниот кандидат, и единствениот Албанец кандидат за претседател на државата, својата промотивна конвенција ја одржа во Скопје, на платото кај споменикот на Скендербег, во скопската Чаршија. Кај Албанците. На почетокот на конвенцијата, се обрати Биљал Касами, лидерот на Беса, една од двете парти што ја поддржуваат кандидатурата на Река. Се чинеше дека тој се кандидира, додека на средина на своето излагање не спомна дека тука се собрале да го поддржат Блерим Река. Потоа, му ја отстапи говорницата на Зиадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците. Села одржа остар, гласен и осврнувачки говор, во кој ги повика сите Албанци без разлика на партиската припадност, да гласаат за Река.  Блерим Река го одржа својот прв говор како претседателски кандидат пред свечената јавност, посочувајќи, меѓу другото, дека Али Ахмети лично нема да излезе на кампањата на заедничкиот кандидат Пендаровски, бидејќи на минатите избори ја минирал неговата кандидатура, а сега ќе го поддржи од сенка, само заради власт.  Река ги повика гласачите Албанци да излезат и да гласаат за него, со што ќе докажат дека не се веќе „анонимните 20%“, како што се третирани веќе дваесет години, да не го поддржуваат концептот на статисти, да покажат дека не се само гласачи, туку дека се гласани. Како скопјанец и кандидат за претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, своето прво обраќање до јавноста можеше да го направи на плоштадот Македонија, како доказ за присутност и право на користење на јавни површини и од страна на другите заедници во земјата. Наликуваше на предизборна кампања за парламентарни избори.

Кандидатот на владината коалиција Стево Пендаровски својата кампања ја започна со трибина во Прилеп, придужен од премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и други функционери од партијата.  Пендаровски беше модератор на настанот, со опуштен и неполитички настап, пристапен и забавен за насобраните прилепчани.  Се додека не му ја препушти сцената на Зоран Заев, кога сите присутни станаа на нозе и го поздравија со овации. Како Елвис Присли. Публиката во првите редови беше сместена во столчиња и со транспаренти  испишани со слоганот на изборната кампања на Пендаровски,  „Заедно Напред“, коишто ги креваа на секое ракоплесакње од публиката, како на слет. Заев сепак го промовираше кандидатот на коалицијата во најдоброто можно светло, но го остави под својата ѕвездена сенка. Наликуваше на предизборна кампања за парламентарни избори.

Пендаровски на својот профил најави дека неговата програма за претседателската кампања од денеска ќе може да се следи и на неговиот нов официјален Фејсбук профил, на албански јазик.

Д. Тахири

Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ