• Latest
Конференција „Какви избори - таква иднина“

„Какви избори, таква иднина“, ДИК, ДКСК и самите претседателски кандидати

April 10, 2019
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Какви избори, таква иднина“, ДИК, ДКСК и самите претседателски кандидати

April 10, 2019 18:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Конференција „Какви избори - таква иднина“

Конференција „Какви избори - таква иднина“

Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупција 

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница  одби седум од девет приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.

За приговорот во однос на злоупотреба на имот во сопственост на Општина Шуто Оризари за одржување прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа за сопственоста на објектот, за кој овластените претставници од Шуто Оризари на седницата тврдеа дека посочениот објект односно салата во која е одржана прес-конференцијата во приговорот не е во сопственост на Општината.

Останатите приговори што се одбиени се однесуваа на објавениот повик за субвенции од страна на Град Скопје за велосипеди по принципот прв пријавен прв услужен, објавениот оглас за набавка на современи уреди за затоплување – инвертери од Град Скопје, во насока за заштита на животната средина, објавен оглас за вработување на 116 сезонски работници од страна на АД „Водостопанство“ за реконструкција на дел од ул. „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош, за доделување 150 пакети со храна и основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик од страна на Општина Центар, како приговорот за владиниот повик за финансиска поддршка на Здруженија и фондации за нивните програмски активности, со вкупно грант од 12 милиони денари.

ДИК

Хелсиншкиот Комитет за човекови права подготви правно мислење за одредбите со кои законот ги регулира правата и обврските на медиумите кои се заинтересирани да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите што учествуваат на избори и како соодветно да го спроведат медиумското претставување на балансиран и фер начин.

Анализата што ја подготви Хелсиншки комитет, со  барање ДИК итно да даде јасни појаснувања и препораки за медиумското претставување на изборите, се однесува на сознанијата дека неколку радиодифузери и медиуми поради несоодветна примена на одредби од Изборниот Законик нема да бидат во можност да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија.

Партиска или претседателска кампања

Не е баш јасно за кого ДУИ води кампања. Од она што може да се забележи од нивните затворени средби, како партија која го поддржува Стево Пендаровски за претседател, нема ниту негова слика, ниту пак името му се спомнува. На бините на митинзите пишува само консензуален кандидат, а наместо ликот на кандидатот во штабовите се гледа ликот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети е лично присутен и на главните митинзи кои ги одржува оваа партија. Тоа што исто така се забележува е и фактот дека на митинзите на ДУИ за овие избори има значително помал број на присутни во споредба со парламентарните и локалните избори кога се борат за нивни кандидати.

„Какви избори – таква иднина“

Говорничките и говорниците на конференцијата „Какви избори – таква иднина“ што ја организираше ЦИВИЛ, се меѓу најрелевантните луѓе во земјава кога се работи за изборните процеси. Конференцијата беше одлична можност јавноста да се запознае со детали од изборниот мониторинг, како и со анализите и препораките за претстојните претседателски избори. Конференцијата е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

За различни аспекти на изборниот процес говореа: претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, заменик министерот за администрација, Александар Бајдевски, државниот советник при Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, уредникот на „Слободен печат“, Бранко Героски, политичкиот аналитичар, Сашо Орданоски, претседателката на Инклузива, Благица Димитровска, како и Ангела Петровска, Маја Ивановска и Дехран Муратов од Цивил.

Изборна хроника

Премиерот Зоран Заев со досетки, Стево Пендаровски со решавање на земјоделски проблеми, Река инсистира дека партиите се диктаторски, најверојатно исклучувајќи ги оние што го поддржуваат, а Гордана Силјановска Давкова бара мир во манаситир во битката што ќе придонесе за мултикултурно општество и негирајќи го национализмот.

Вака некако помина вчерашниот ден од претседателската кампања… Гордана Силјановска Давкова, го избра Тетово, за да ја чепне темата за Законот за јазиците, а Гостивар да го пофали дека има пазар кој е пример за тоа како ќе се гради мултикултурно општество. Посета на манастир, како што вели Силјановска, и донела мир за „битка за праведна Македонија“. Пендаровски се прошета во Демир Хисар, Росоман, Градско и секаде порача дека неговите заложби остануваат исти што се однеусва до ЕУ и НАТО, а онаму каде што беше потребно, го оправаше земјоделието ветувајќи убави суми за неговиот развој. Река потсети дека ако изборите успеат, причината ќе биде албанската свест што напредувала низ годините и денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја.

Б. Јордановска

Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ