• Latest

Светска банка одобри 420 милиони долари за проекти што ќе овозможат праведен раст

April 19, 2019
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светска банка одобри 420 милиони долари за проекти што ќе овозможат праведен раст

April 19, 2019 13:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бордот на извршни директори на Светска банка денеска ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.

Министерот за финансии Драган Тевдовски го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.

„Со овие средства ќе се поддржат проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, изјави Тевдовски.

Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.

Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување на подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување на поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата, е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии Тевдовски го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.

Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ