Каква е состојбата во Косово? Со кои проблеми се соочуваат граѓан(к)ите? Постои ли напредок за дијалогот за српско – косовските односи по средбата во Берлин? Како влијае српско-косовскиот спор во регионот и за други прашања, одговара за ЦИВИЛ Медиа, новинарот и аналитичар, Илир Ајдини, кој работи и живее во Косово.
Тој вели дека сите се во некакво исчекување, бидејќи за косовското прашање влијаат четири фактори: Албанците од Косово, Србија, косовските Срби и меѓународниот фактор.
Тој е оптимист дека по средбата во Берлин, на 29 април, ќе има придвижување и напредок во процесот, бидејќи меѓународниот фактор ќе бара да се најде комромисно решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.
Ајдини додава дека доколку се заврши долгогодишниот спор меѓу Белград и Приштина, добитници ќе бидат сите граѓан(к)и на двете држави, вклучувајќи ги и земјите од регионот.
Дехран Муратов
Камера и монтажа: Aриан Мехмети