• Latest

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

Претседателот на Србија, од човек кој наводно умее да игра со сите големи играчи на светската сцена дојде до тоа да стане осамен губитник кој ја фрла земјата во економски кошмар

October 13, 2025 17:55
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Она што можеше да се претпостави уште многу порано, но барем во Србија се замижуваше, сепак се претвора во кошмарна стварност – нашиот сосед ќе влезе во економска рецесија, проследена со нови бранови на незадоволство на граѓаните. И сега не само заради она што се случува наназад со месеци, па и години на планот на начинот на кој една партија и нејзиниот лидер владеат со земјата. Овој пат, тоа е заради натрупувањето на сите лоши потези што претседателот Александар Вучиќ ги правеше деценија и пол на меѓународната сцена, сметајќи се себе за волшебник кој успешно лавира меѓу интересите на сите големи светски играчи и така ѝ овозможува на својата земја да стане „јагне што цица од повеќе мајки“.

Јавување од Белград – ние сме во очајна ситуација!

Резултатот е таков што неговата земја наскоро ќе влезе во вителот од кој тешко ќе се извлече, презадолжена, со низок стандард, со губење и на постојниот буџетски капацитет, на работните места и со заложник на моќниците на планетата. Тој очекуван пресврт нема да заврши само со додатно чкртање на забите на граѓаните од оваа земја, и ќе се одрази најнапред врз соседните земји, а секако ќе треба да биде поука и за македонските граѓани и сегашни и идни гласачи на полето на избор на идни креатори на такви неоколонијалистички позиции и тука.

Дали треба да се потсетиме што може да се очекува во Србија по 8 октомври? За тоа многу пати е пишувано и говорено во видео подкастите на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Затоа, треба да е појасно – една од најголемите компании на север од нас, Нафтената индустрија на Србија (НИС), би можел да се соочи со целосна имплементација на американските санкции, кои беа одложувани неколку пати од 10 јануари наваму, кога официјално стапија во сила. Овие санкции неминовно ќе имаат негативно влијание врз редовното снабдување со гориво на бензинските пумпи во Србија. Тоа секако ќе влијае и на оние кои ќе дојдат таму однадвор. Најдрастично ќе биде секако со авионскиот сообраќај – од каде ќе дојде керозинот на аеродромот Белград, да речеме, каде што дневно има и до 300 и повеќе слетувања и полетувања!?

СТО ДЕНА СЕ СИГУРНИ А ПОСЛЕ Прашање е секако дали пред тоа нема да има паника кога се знае лошиот крај?

Утешно е дека наводно земјата, а и НИС-от ќе можат да работат – велат – 100 дена. Лошо е што сега ама и набргу не се гледа решение што потоа!

Најповиканиот за состојбите во Србија – претседателот Вучиќ, кој престојуваше неодамна во САД, на редовната годишна конференција на Генералното собрание на ОН, самиот ја навести можноста за стапување во сила на целосни санкции, велејќи дека НИС ќе биде поштеден од воведувањето на санкциите само до крајот на септември и дека тие ќе стапат во сила од првиот ден од октомври. Односно тој рече дека Американците го продолжиле суспендирањето на санкциите само за четири дена, од 27 септември до 1 октомври (подоцна имаше поместување до 8 октомври), веднаш фрлајќи ја вината за таа лоша вест на тековните состојби во односите меѓу САД и Русија. Србија, рече тој, е само колатерална штета која ќе трпи голема штета.

Експертите велат дека новото продолжување на стартот на санкциите се должи на молбата да се дозволи веќе купената нафта да влезе во земјата, што нели, сепак би било фер. Потоа, луѓето мора да знаат дека „ќе платиме исклучително висока цена“, рече Вучиќ од Њујорк, кој исто така предупреди дека „нè очекуваат тешки времиња и тешка зима“. Ова се случи откако на закажаната средба со американскиот министер за трговија, домаќинот едноставно – не дошол.

НИС ПЕТРОЛ Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта…

Ефектот на санкциите е индиректен, но фатален

Треба да се појасни дека санкциите на Вашингтон се однесуваат само на американски компании кои работат со руски компании во областа на енергетиката. Значи, пред сè, на оние компании во американската сопственост кои би работеле со српскиот НИС, кој е во доминантно руска сопственост, односно тој е подружница на „Гаспромнефт“. Дали и колку има такви фирми во овој миг не е битно. Бидејќи тие санкции имаат главно индиректна врска со сите оние компании кои не би сакале самите да паднат по американски санкции и секако нема тоа да си го посакаат. Обрачот е позатворен и поцврст отколку што ни се чини на прв поглед.

Каква посликовито речено би била таа штета по Србија? Бидејќи суровината во НИС доаѓа со цевковод, стапувањето на сила на санкциите практично би го оневозможило негово работењето после наведените сто дена. Веднаш со тоа би биле доведени во прашање платите на неговите вработени, бидејќи од страв од „секундарните санкции“ ниедна банка не би се осмелила да соработува со НИС-от.  Имено, ако и има извозник кој би испратил нафта кон Србија, не би имал банка која со своја поддршка би го следела тој пат од изворот на нафта, преку транспортот со преработката а тоа е Рафинеријата на НИС во Панчево.

Што ова би значело за државата која е и онака ставена во лонецот на јасното граѓанско незадоволство? Економистот Љубодраг Савиќ во разговор за Танјуг оценува дека државата ќе го преземе најголемиот дел од товарот на прилагодување кон ситуацијата поврзана со санкциите на НИС. Тој смета дека не треба да очекуваме големи недостатоци или големи зголемувања на цените, туку дека ќе биде можно снабдувањето да биде отежнато, горивото да нема доволно или да биде недостапно и дека може да стане поскапо. Во таква ситуација, за да ги израмни цените, државата би можела да ги намали акцизите, но тоа би имало негативно влијание врз полнењето на буџетот.

ЉУБОДРАГ САВИЌ Било кој друг транспорт на нафта и да се најде би бил многу поскап

Дали за штетите не требаше да се размислува уште во јануари, да не речеме и порано? Како дури сега се мисли на излезни решенија? Претседателот Вучиќ, кој е секако и премиер и сè друго во таа земја вели дека со соработниците гледал „илјадници солуции“. Засега гледаме дека е видлива само „тешката зима“.

Можеби имало многу „бабици“ ама конструктивни решенија не се породиле

Гостите во емисијата на водителката Оља Бечковиќ („Впечаток на неделата“ од 28 септември на телевизијата Нова С) несомнено утврдија дека Србија не изградила поконструктивна политика во процесот на преговори и со Русија и со САД, а корените на овој потенцијален проблем постојат од приватизацијата на таа компанија!

Така, професорот на Економскиот факултет во Белград и поранешен гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, оцени дека можните санкции против најголемата нафтена компанија во земјата се дискутираат со месеци и дека недостатокот на решение укажува на „очигледна некомпетентност на преговарачите да ги ублажат или решат (тие санкции)“ на време. „Она што ни се случува сега (докажува) дека националните ресурси не треба да се продаваат на странци, како и на системски и важни јавни компании… Србија можеше (на Русија) да ѝ предложи договори за управување, постепени промени во сопственоста или други аранжмани што би го компензирале мнозинскиот сопственик. Верувам дека Србија се најде во ситуација каде што никој не направи ништо објективно“, рече Шошкиќ таа вечер.

ТЕМАТА Е ПОГОДЕНА, ИЗЛЕЗОТ НЕ СЕ ГЛЕДА Важни соговорници во емисијата „Впечаток на неделата“ на Оља Бечковиќ го оцртаа обвинението за неволјата креирана од претседателот

Според него, самата почетна ситуација со НИС била неповолна, а Србија морала да биде свесна дека странскиот сопственик има потенцијално важен лост на влијание врз целата економија.

„(Зборуваме за) голем број поврзани компании, подизведувачи… Ако клучниот елемент почне да се затвора, тоа ќе има рецесиски ефект врз другите компании. Веројатно ќе плаќаме за гориво по повисоки цени, но не можеме да се стремиме да ја решиме ситуацијата додека не се најде нејзината причина. Србија мора да создаде позиција каде што секогаш имаме повеќе опции во сè, особено во однос на стратешките суровини. Игравме многу наивно тука“, рече Шошкиќ. Впрочем, за него уште пред три години било предвидливо дека односите со САД се затегнуваат и дека изложеноста на Србија на ова е многу висока и дека од јануари имало доволно време да се „проба нешто“.

Кога постои целосна зависност од Русија

Најверзиран во целиот проблем беше професорот на Филозофскиот факултет во Белград, Огњен Радоњиќ, исто така гостин во оваа емисија. Тој тврдо стоеше зад тоа дека Србија има проблем бидејќи „се довела во оваа позиција“, преку приватизацијата и претходните договори, Така настанала „целосна зависност од Русија“. Оттаму „за да ја рехабилитирате оваа позиција, прво мора да откриете како сте се нашле во неа… Неверојатен преседан е тоа што заедно со (меѓународните) концесии, се продавале и домашни извори на нафта и гас, што никогаш не се прави. Рускиот сопственик подоцна брзо ги искористил овие наоѓалишта и за неколку години вратил (целата вредност на инвестицијата) 500 милиони евра од остварената добивка, иако во 2008 година вредноста на НИС без изворите била проценета на 2,2 милијарди евра“, рече Радоњиќ.

Да се потсетиме тука дека во време на СФРЈ тие извори едно време покриваа 25 отсто од домашните потреби за нафта и нејзините деривати. Како што потребите се зголемуваа таа покриеност се симнаа на 4 отсто! Но сеедно, кога сега поранешната федерација ќе ја сведете само на Србија, тие проценти на покриеност се зголемуваат. Но, она што е побитно е дека кога почнале да ги експлоатираат српските нафтени извори новите, руските сопственици, тие тоа го правеле максимално, онака бездушно за резервите во земјата, онака баш – неоколонијалистички.

Парадоксот е секако – да не одиме во многу детали – дека Русите ја добиле целата српска нафтена индустрија за само 500 милиони евра (беа споменати и само 400 милиони), а од договорот не се знаело што ќе се добиле за таа цена! Имено, кога дошло време на првиот попис излегло дека за тие пари тие ја добиле целата инфраструктура во која биле и многу туристички недвижности (хотели и слично), а дека изворите на нафта и не се споменувале а излегло дека и тие биле дел од зделката!? Па така, иако НИС-от имал загуба во 2004 година од 50 милиони евра за една-две години таа се претворила во профит кој бил пет пати поголем од загубата или Русите си го повратиле влогот. Сето друго е само приказна за нивниот профит!?

Целата тактика на Вучиќ и неговите проруски пријатели падна во вода токму кога Србија почна да се „дави“ во борбата за свој опстанок заради американските санкции. Москва никако не сакала да го испушти своето „златно руно“. Бил испробан еден трик – демек санкциите се против Гаспром чиј составен дел е оној кој влезе во Србија (Газпромнефт), па Гаспром префрлил дел од своите акции на JSC Intelligence од Санкт Петербург. Демек, сега ситуацијата се менува. Но српскиот дел од НИС е одново во малцинство, бидејќи, Русите само ги поделиле акциите меѓу две свои компании и јасно е дека ова само можело да ги изнервира Американците. Инаку, JSC Intelligence е управувана од Газпром Капитал ДОО, која е одговорна за финансиски инвестиции во рамките на групацијата Газпром. На чело на Газпром Капитал ДОО е Всеволод Воробјов, кој е во одборот на директори на НИС уште од мај 2022 година.

Постојано одложувани средбите со Путин

Зборувајќи во истата емисија за најавените санкции против НИС-от, пратеникот од Партијата на слободата и правдата (од левиот центар, да појасниме) – Душан Никезиќ  повторува дека Србија „морала да го направи поинаку на почетокот“, дека претседателот Вучиќ уште на 4 јануари објавил дека „ќе се сретне со Путин пред празникот Свети Сава, на кого ќе му понудел 500-600 милиони долари. Колку што била првобитната, куповна цена!

„Тој однос ја затвори вратата за разговор со рускиот партнер. Тие сметаат дека вложиле милијарди долари инвестиции (!) и слично. Треба да се каже дека руската страна во меѓувреме не го потпишала (обновила) договорот за испорака на гас што требал да се случи уште во мај (!) а се останало на тој план на некаква „промаја“ и натаму. Аналитичарите во Белград велат – Американците нема да ни даваат нафта а Русите може да ни го земат и гасот

Никезиќ потсетува дека кога Вучиќ не успеал да има контакт со Путин сè до Парадата на победата (9 мај) а и таму, на свеченоста, очевидно наишол на минимум респект дури и за гасот; Вучиќ во Пекинг неодамна, за време на тамошната парада, според текстот на Билјана Вилимон („Ајде да се обложме“) добил од рускиот претседател време од само пет и пол минути за средба  и при тоа гледал и во таванот и во својот органајзер и заминал!

Во меѓувреме српскиот претседател, потсетува Никезиќ рекол дека имал добри контакти во новата администрација на Трамп, демек го изместил тежиштето на проблемот, па тоа не се случило, па на крајот не се сретнал ниту со американскиот министер за финансии…

Русите јасно велат „њет“

Професорката во пензија на Економскиот факултет во Белград, Даница Поповиќ, коментирајќи ја ситуацијата вели дека Вучиќ ја губи поддршката од САД, а санкциите на таа земја против српската нафтена индустрија кои се одложени до 8 октомври, нема да траат кусо. „Барем имаме искуство тука: санкциите се воведуваат со еден потег на перото, а потоа траат со години, понекогаш дури и децении. Ги знаеме последиците: горивото ќе биде поскапо, а по горивото, сите стоки во земјата секогаш ќе стануваат поскапи. Ова ќе биде одличен изговор да се започне со постојано растечката инфлација“, изјави Поповиќ во интервју за весникот „Нова“.

ДАНИЦА ПОПОВИЌ И во пропаѓањето некој ќе профитира

Таа додаде дека оваа ситуација е идеална за владата бидејќи „може да печати повеќе пари, да издвои пристоен дел за СНС и на тој начин да добие повеќе пари за ќаци, за бројни темни афери, можеби за новата вила на Ѓуро Мацут, којзнае“.

Според неа, Русите очигледно не сакале да го предадат мнозинскиот сопственички удел во компанијата НИС на Србија, на кој било начин што САД би го сметале за соодветен (национализација или промена на мнозинскиот удел).

„Во таа празнина, Вучиќ постапил како што обично се прави во Србија – тој не направил ништо. И без разлика колку американската администрација под Трамп станала неконзистентна – ова бил конзистентен потег: по шест предупредувања, заканата се остварила“, рече Поповиќ.

Сето ова се случува кога власта троши пари за парада и кога касата е празна. Една недела потоа ја зголемува струјата за 6,5 отсто ако трошите во рамки на првата група а ако не – двојно… Србија според медиумите има најскапа струја во регионот! Новинарката Биљана Вилимон вели дека неодамна Вучиќ бил во земјите од Заливот да моли за пари ама останал со празни раце и дека успеал да искамчи 1,5 милијарди долари од кинескиот претседател Си Џинпинг, но не се знае под кои услови. Ако како се тие оние со кои Кина ги зема сите големи инвестиции (како железницата и онаа настрешница што падна во Нови Сад) и се готови за градежни работи на следниот ЕКСПО, максимални ги експлоатира рудниците како што е оној за злато во Мајданпек…

Статусот на другите крупни капацитети во екс-Југославија со слична судбина

Компарациите со неоколонијализмот се секако искуство на земјите од екс-Југославија. Еве, деновиве Унгарија изјави намера да го затвори  нафтоводот на МОЛ (поранешна ИНА) кој носи суровини – наскоро само носел суровини – до Рафинеријата во Панчево. Со изоставување на Србија како муштерија смета унгарски МОЛ (или можеби лично Орбан!) нема рентбилност.

Почетокот на минатата работна недела во Загреб значеше ѕвоно за аларм, бидејќи, ова загрозува голем број работни места, други капацитети и го намалува БДП-то… Се отвораат сега стари „рани“, па за аферата Санадер и други нешта кои значеа дека хрватската јавност била измамена за фактите што денес се битни, а ја соголуваат „лијепа наша“ како седи во скутот на Будимпешта за еден од капиталните објекти што беа продадени со силна и докажана арома на корупција. Да се потсетиме само на сите афери кои никогаш не се расчистија со продажбата на ОКТА од Миладиновци, една од „златните кокошки“ за финансиите на земјава на странски партнер, а што денес – по куса рецесија заради откажување на побарувачката од Косово – денес со кризата во Србија би добила на цена. Условно говорејќи.

Дали ние некогаш навистина посакавме да ја отвориме до крај Пандорината кутија на нашата Рафинерија? Секако не, многу локални политичари со име и презиме стоеја зад тој дил, најпрвин во време кога Владата ја водеше тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, а министер за трговија беше никој друг туку Никола Груевски, кој, ако не ме лаже сеќавањето, велеше дека кога се носела одлуката за приватизација на ОКТА излегол од седница на влада, му се одело во тоалет. Инаку во одлуките стои неговиот потпис!

Да, темата за неоколонијалниот статус сè уште не е опишан. Пред сè, затоа што тој процес е далеку од завршување.

Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Creative Commons 4.0

Tags: Вучиќнадворешна политикаНИСсанкцииСрбија
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ