• Latest
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025 19:34
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Share on FacebookShare on Twitter

На 13 октомври 2025 година, пред Плоштадот Amaro Mall во Општина Шуто Оризари, Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, одржа креативен активизам под мотото: „Граѓаните избираат: здравје за сите!“. На настанот, граѓаните, а особено жените, побараа бесплатни здравствени услуги за време на бременоста, породувањето и за доенчињата, како и еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита.

Истражувањето спроведено во Шуто Оризари, Штип и Куманово во 2023 година покажа дека над 80% од жените Ромки плаќаат за прегледи, особено за ехо-прегледи, иако Програмата за партиципација предвидува бесплатни услуги за време на бременоста и за доенчињата. Дополнително, само 55% од испитаничките направиле ортопедски прегледи за доенчиња, а 6% од нив платиле иако им следува бесплатно. Главните причини за ниската искористеност се недостапност на термини преку „Мој термин“ и недостаток на информации – дури 92% од испитаничките не биле информирани за превентивните мерки.

Креативниот активизам имаше и симболичен карактер – како потсетник дека секој граѓанин има право на глас, не само во изборниот процес, туку и во борбата за еднаков пристап до здравствена заштита. Организаторите ги поканија кандидатите за градоначалници на Општина Шуто Оризари да се заложат за барањата на граѓаните, но ниту еден не се појави.

Настанот истакна долгогодишен проблем со недостиг на матични лекари, педијатри и друг здравствен кадар во Шуто Оризари, општина каде живее најголем број од ромската заедница. Според последниот попис од 2021 година, здравствени услуги треба да ги користат 25.726 жители.

Барања до Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и локалната власт:

  1. Итно решение за зголемување на бројот на матични лекари, педијатри и медицински персонал, со зголемување на буџетот за превентивни мерки.

  2. Обезбедување еднаков пристап до здравствени услуги, правилно распоредување на термини и воспоставување на управување и менаџмент во Здравствениот дом Шуто Оризари.

  3. Поддршка од идниот градоначалник и Советот на општина Шуто Оризари за здравствени акциски планови со посебен фокус на здравјето на жените и доенчињата.

Граѓаните упатија конкретни пораки:

  • Да се зголеми бројот на матични лекари и специјалисти.

  • Да се зголемат термините за специјалистички прегледи преку „Мој термин“.

  • Да се реновира здравствената амбуланта за квалитетни услуги.

  • Да се овозможи дежурна служба и итна помош.

  • Бесплатни прегледи за време на бременоста и по породувањето.

Креативниот активизам произлегува од проектот „Унапредување на здравствени права на жените, девојките и ранливите групи“, поддржан од Влада на Швајцарија преку ЦИВИКА Мобилитас, кој анализира превентивни програми на Министерството за здравство, вклучувајќи: Програмата за партиципација, Програмата за малигни заболувања, Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца и Програмата за ХИВ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ