• Latest

Слобода на медиумите, исчекување на изборите, Пендаровски на #НаМегдан…

May 3, 2019
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Слобода на медиумите, исчекување на изборите, Пендаровски на #НаМегдан…

May 3, 2019 18:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Светски ден на слободата на медиумите

Главната прослава на Светскиот ден на слободата на медиумите оваа година се одржува во Адис Абеба, од 1 до 3 мај. Настанот обезбедува платформа за размена на повеќе актуелни прашања, закани и достигнувања кои се однесуваат на слободата на печатот. Целокупната тема на настанот е улогата на медиумите во изборите и демократијата, а главната прослава ќе ја надополнат околу 100 национални настани низ целиот свет. Настанот е во организација на УНЕСКО, а се очекува и присуството на генералниот директор, Одри Азулај, како и на владини претставници. Учесници ќе бидат претставници на граѓанското општество, медиумски организации, професионални здруженија, академици и претставници на судството.

ЦИВИЛ -Центар за слобода и ЦИВИЛ Медиа како гласни застапници на слободата на изразувањето и медиумските слободи, на Светскиот ден на слободата на медиумите, уште еднаш го креваат гласот во заштита на слободата на информирање. ЦИВИЛ ги потсетува сите институции и општеството во целост, дека мораат да работат заедно, за таа слобода никогаш повеќе да не биде загрозена.

„Оваа година, Светскиот ден на слобода на медиумите, 3 мај, Северна Македонија бележи значителен пад на бројот на напади врз новинар(к)ите, но, за жал, нападите и попречувањето на работата на новинарите и медиумските работници сѐ уште се реалност… ИВИЛ бара итно спроведување на реформите во јавниот сервис (МРТ), измени и дополнувања во Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Изборниот законик“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа.

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод Светскиот ден на слободата во медиумите соопштија дека денешниот ден е можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на оваа слобода, да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.

Антикорупциска

ДКСК на денешната седница ги одби петте приговори кои беа поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како како партија, учесник/организатор на изборна кампања. Првиот приговор на ВМРО-ДПМНЕ е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, вториот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.

Антикорупциска најави и дека ќе отвори два предмети за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, каде ќе се испитува како Мицкоски во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски добил под концесија државно земјиште од 33.000 метри квадратни и концесија за користење води како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“.

Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година, за едно со Димитар Димовски, тогаш висок функционер во Министерството за транспорт. Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река. Нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала. Во мометот на доделување на концесијата за хидроцентрали и на земјиштето, Мицкоски бил советник на тогашниот премиер Никола Груевски и директор ЕЛЕМ. За Антикорупциска е спорно и како Мицкоски во септември 2016 година, избран од надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ продолжил да биде надворешен советник за енергтика на тогашниот премиер, кога владата ги предлага членовите на Надзорниот одбор на компанијата која го предложила за директор.

Избори 2019

Државната изборна комисија на денешната седница соопшти дека во сабота ќе гласаат 1.640 затвореници, 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и 7 раселени лица. ДИК ги усвои и сите барања за набљудување на изборите, па така за вториот круг ќе има 4,250 акредитирани домашни и странски набљудувачи. Исто така, на седницата се одлучуваше и за неколку приговори од граѓани и сите ги усвои задолжувајќи ги Општинските изборни комисии да им овозможат да гласаат како болни и изнемоштени лица.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски информираше дека се потрошени и 48 милиони, од одобрените 100 милиони за испаќање на медиумите. Како што изјави Деркоски, сите информации јавно ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК.

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела, пак, на 5 мај, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Пендаровски #НаМегдан

Дел од Шарената револуција излезе со иницијативата #НаМегдан со намера да ги соочи двајцата претседателски кандидати со директни прашања од граѓанките и граѓаните. Пендаровски веднаш ја прифати поканата и одговори на дваесет прашања на средбата што се одржа на 2 мај, во кафулето Мистер Џек.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова не излезе #НаМегдан.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ уште еднаш потсети на едукативната публикација „Сè што сакавте да знаете за изборите“ , избор на едукативни текстови за различни аспекти од изборниот процес. Онлајн верзијата на публикацијата ЦИВИл ја објави на денот на одржување на конференцијата „Какви избори – таква иднина“ . Едукативните текстови се одлична можност за сите соработнички и соработници, членови, поддржувачи, граѓански новинарки и новинари, но и на набљудувачите на ЦИВИЛ, да се потсетат и дополнително да се информираат за тоа што е изборен материјал, што сè треба да се знае за Избирачкиот список, кои се надлежностите на изборната администрација, што сè не смее да се применува за време на изборниот молк и други корисни информации за остварување на гласачкото право.

Исто така, во рамки на проектот „Зедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка на Абасадата на САД во Скопје, ЦИВИЛ вчера одржа креативна работилница „Заедно за иста цел“ со учениците од средните и основни училишта во Куманово. На вчерашната креативна работилница присуствуваа и професорите по ликовна уметност, како поддршка на своите талентирани ученици, но и претставници на Општина Куманово и СВР Куманово, Оддел за превенција. Работилницата ја водеше тимот на ЦИВИЛ преку едукација за човековите права и слободи, решавање на конфликти преку дијалог и ненасилство, заедничко креирање и делување на младите луѓе во општеството.

Биљана Јордановска

Share64Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ