• Latest

Министерство за правда: Се додека приоритет е амнестијата, не може да има напредок во преговорите

May 10, 2019
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерство за правда: Се додека приоритет е амнестијата, не може да има напредок во преговорите

May 10, 2019 18:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Без напредок заврши последната средба за разговорите околу судбината на предметите на СЈО, покренати по 30 јуни 2017 година, велат Министерството за правда.Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да запрат сите постапки поведени против нивните високи партиски функционери е неприфатливо за Министерството за правда.

„Не може да биде прифатено барањето за амнестија преку законски одредби, односно барање за прекин на истрагите, уништување на докази и прекин на сите мерки за обезбедување, како на пример, одмрзнување на замрзнатиот имот, враќање на одземени пасошите, прекин на мерките за претпазливост, итн.“, велат од министерството.

Во однос на барањето Законот за Јавното обвинителство да биде испратен до Венецијанската комисија, секому е јасно дека до затворањето на Извештајот на Европската Комисија нема време за добивање мислење од Венецијанската комисија – ваквото барање во моментот би било само во функција на купување време за законот да не биде донесен. Министерката Дескоска истакна спремност, денот кога законот ќе биде донесен во Собранието да биде испратен во Венецијанската комисија со обврска било каков коментар, забелешка или укажување од Венецијанска комисија да биде веднаш имплементиран од страна на политичките партии.

“Заврши денешната средба на која реално немавме напредок. Клучното прашање за коешто разговараме беше членот 105 [од Законот за Јавното обвинителство]. ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане, и евентуално тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителство се јавува проблемот дали ќе има право да ги отвора или не. Таквиот став е неприфатлив бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела.

Разговаравме за испраќање на законот во Венецијанската комисија. Со оглед на тоа што роковите коишто се наметнуваат за донесување на законот да биде донесен што е можно поскоро, ја изразив својата подготвеност по донесување на законот веднаш да го испратиме на Венецијанската комисија. Сите знаете дека пред септември или октомври нема да добиеме мислење заради роковите. Не треба да се користи Венецијанска комисија како причина или повод за одолговлекување на носење на законот, така што доколку има волја и желба за носење на законот, ние сме спремни да се донесе законот и веднаш уште истиот ден да биде испратен до Венецијанската комисија, со обврска било каков коментар, забелешка или укажување од Венецијанска комисија да биде веднаш имплементиран од страна на политичките партии“, изјави Дексоска по средбата за медиумите.

Дескоска додаде дека на средбата не било отворено прашањето за смена на Катица Јанева  или за некој друг јавен обвинител или специјален обвинител.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ