• Latest

Насилни протести на опозицијата против власта во Тирана

May 13, 2019

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Насилни протести на опозицијата против власта во Тирана

May 13, 2019 08:59
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Десетици полицајци и граѓани беа  повредени кога демонстрантите се судрија со државната полиција во Тирана за време на протестот организиран од опозицијата на Албанија, која собра илјадници граѓани од цела Албанија со цел да ја собори актуелната Влада. Околу 100 лица беа приведени во полицијата за време на повеќе неколкучасовнитеод 6  протести што се одржаа на различни места во главниот град.

Демонстрантите ги фрлаа шишиња со молотов коктел во насока на Кабинетот на премиерот и зградата  на Собранието.

Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растера толпата и постојано повикуваше да ги напуштат и да не прават штети врз јавниот имот. Подоцна, протестите се преселија во зградата на албанскиот парламент, каде што повторно се фрлаа многу мотови и огномети во насока на зградата и полицискиот кордон.

Десетици полицајци и граѓани беа  повредени кога демонстрантите се судрија со државната полиција во Тирана за време на протестот организиран од опозицијата на Албанија, која собра илјадници граѓани од цела Албанија со цел да ја собори актуелната Влада. Околу 100 лица беа приведени во полицијата за време на повеќе неколкучасовнитеод 6  протести што се одржаа на различни места во главниот град.

Демонстрантите ги фрлаа шишиња со молотов коктел во насока на Кабинетот на премиерот и зградата  на Собранието.

Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растера толпата и постојано повикуваше да ги напуштат и да не прават штети врз јавниот имот. Подоцна, протестите се преселија во зградата на албанскиот парламент, каде што повторно се фрлаа многу мотови и огномети во насока на зградата и полицискиот кордон.

Силите за брза интервенција користеа солзавец за да ги отстранат насилните демонстранти од улиците на градот

Доцните вечерни судири продолжија и во предниот дел на Управата на полицијата по апсењето на организацискиот секретар на Демократската партија, Сахит Долапи. Десетици маскирани демонстранти фрлаа плочи и камења врз полицијата, барајќи ослободување на Долапи. Полицијата им одговори со вода и солзавец.

За ескалацијата на протестите реагираше претседателот Илир Мета, кој ги повика партиите на смиреност.

Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша по полноќ им се обрати на демонстрантите и ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите се  до оставката на премиерот Еди Рама.

Амбасадата на САД го осуди насилството присутно за време на протестот.

“Декларираната цел на опозицијата за посилна албанска демократија е против насилството што го прават демонстрантите. Насилството е фундаментално недемократско средство и треба да престане. Демонстрантите имаат одговорност да промовираат смиреност. Ги повикуваме сите партии да покажат воздржаност “, се вели во изјавата на Амбасадата.

Канцеларијата на (ОБСЕ) во Албанија, исто така, реагираше осудувајќи го насилството и повикувајќи на одговорност од страна на организаторите на протест.

“Организаторите на денешните протести мора да понесат политичка одговорност за криминалното насилство кое го вршат некои од нивните следбеници. Нашите мисли се со семејствата на повредените. ОБСЕ ќе продолжи да промовира ефикасна опозиција и дијалог во Албанија. Но, целосно ги осудуваме оние што се обидуваат да го искористат насилството како краток политички пат, тие нема да успеат “, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Ова е четврти национален протест од 16-ти февруари, кога опозициската Демократска партија и Социјалистичкото движење за интеграција го напуштија парламентот и се откажаа од своите мандати како пратеници во Собранието. Помали протести организира опозицијата речиси секоја недела низ целата земја.

Д. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Share64Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ