Десетици полицајци и граѓани беа повредени кога демонстрантите се судрија со државната полиција во Тирана за време на протестот организиран од опозицијата на Албанија, која собра илјадници граѓани од цела Албанија со цел да ја собори актуелната Влада. Околу 100 лица беа приведени во полицијата за време на повеќе неколкучасовнитеод 6 протести што се одржаа на различни места во главниот град.
Демонстрантите ги фрлаа шишиња со молотов коктел во насока на Кабинетот на премиерот и зградата на Собранието.
Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растера толпата и постојано повикуваше да ги напуштат и да не прават штети врз јавниот имот. Подоцна, протестите се преселија во зградата на албанскиот парламент, каде што повторно се фрлаа многу мотови и огномети во насока на зградата и полицискиот кордон.

Силите за брза интервенција користеа солзавец за да ги отстранат насилните демонстранти од улиците на градот
Доцните вечерни судири продолжија и во предниот дел на Управата на полицијата по апсењето на организацискиот секретар на Демократската партија, Сахит Долапи. Десетици маскирани демонстранти фрлаа плочи и камења врз полицијата, барајќи ослободување на Долапи. Полицијата им одговори со вода и солзавец.
За ескалацијата на протестите реагираше претседателот Илир Мета, кој ги повика партиите на смиреност.
Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша по полноќ им се обрати на демонстрантите и ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите се до оставката на премиерот Еди Рама.
Амбасадата на САД го осуди насилството присутно за време на протестот.
“Декларираната цел на опозицијата за посилна албанска демократија е против насилството што го прават демонстрантите. Насилството е фундаментално недемократско средство и треба да престане. Демонстрантите имаат одговорност да промовираат смиреност. Ги повикуваме сите партии да покажат воздржаност “, се вели во изјавата на Амбасадата.
Канцеларијата на (ОБСЕ) во Албанија, исто така, реагираше осудувајќи го насилството и повикувајќи на одговорност од страна на организаторите на протест.
“Организаторите на денешните протести мора да понесат политичка одговорност за криминалното насилство кое го вршат некои од нивните следбеници. Нашите мисли се со семејствата на повредените. ОБСЕ ќе продолжи да промовира ефикасна опозиција и дијалог во Албанија. Но, целосно ги осудуваме оние што се обидуваат да го искористат насилството како краток политички пат, тие нема да успеат “, се вели во соопштението на ОБСЕ.
Ова е четврти национален протест од 16-ти февруари, кога опозициската Демократска партија и Социјалистичкото движење за интеграција го напуштија парламентот и се откажаа од своите мандати како пратеници во Собранието. Помали протести организира опозицијата речиси секоја недела низ целата земја.
Д. Т.