• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Вучиќ, бркајќи ја мувата од капата, го злоупотреби ОН за своите манипулации

April 25, 2024

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вучиќ, бркајќи ја мувата од капата, го злоупотреби ОН за своите манипулации

April 25, 2024 13:20
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш, како и многу пати до сега, ги злоупотребува институциите каде што ќе се појави. Овој пат, на седницата на Советот за безбедност на ОН, зборувајќи на тема за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК во Косово, сосема вон темата изјави дека (косовскиот премиер) Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност, бидејќи тој лично води тајна кампања за изборите во Македонија, потенцирајќи при тоа дека Србија не се меша во внатрешните работи на Северна Македонија, а тој самиот, иако, како што се самопофали, е најпопуларен политичар во Македонија, не води никаква кампања во соседната ( како што често милува да ја нарече, братска) земја.

Настрана што и самото изнесување на тврдењето дека не тој, туку  Курти води кампања во Македонија е токму водење на кампања во Македонија, српскиот претседател или има амнезија, или намерно ги заобиколува малициозните дејствија и изјави на разно разни српски емисари и политичари, како Живаљевиќ, Дачиќ, Вулин.

За првиот, ајде и да му веруваме дека го подзаборавил, одамна беше 27 април 2017 година, кога советникот за безбедност во амбасадата на Србија во Македонија и припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ се фотографираше во Собранието при упадот и бруталното насилство на „Крвавиот четврток“, кога толпата упадна во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и да извршат рушење на уставниот поредок на земјата. По ваквото „не мешање“ во внатрешните работи на земјава , Живаљевиќ беше повлечен од службувањето во српската амбасада во Скопје.

Но, изјавите на Дачиќ и Вулин не се толку одамна, од пред само една недела, па е малку чудно како Вучиќ не ги земал предвид при неговото ламентирање за немешање во нашите внатрешни работи, или пак, тоа не го сфаќа така, и за него е сосема нормално високи српски политичари да го навредуваат својот сосед и да се закануваат.

Да го потсетиме Вучиќ, но и македонските медиуми кој очигледно го заборавиле тој чин, откако истиот и не го осудија, а исто така некритички ги пренесуваат манипулациите на Вучиќ, кога Александар Вулин, поранешниот шеф на безбедносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана и лидерот на Движењето на социјалистите кој, според објавата на Цивил, изјави:

„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат, доколку не можат да ја поддржат Србија“ и побара Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите..

На иста линија беше и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откако и двајцата, што може да се види и кај дел од македонските медиуми кој некритички, без грам осуда, и може да се каже со задоволство ги пренесоа нивните изјави, фокусот го насочија кон македонскиот министерот за надворешни работи и претседателски кандидат Бујар Османи, не случајно во пресрет на претседателските и парламентарните, во обид да ја насочат „водата на воденицата„ на една, ним блиска  политичка опција каде главен коалиционен партнер е другарот по русофилство на Вулин, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, главната карика на делувањето на руската малициозна пропаганда, во државава и кој, исто така, во неколку наврати има упатено навреди кон македонската држава и нејзините граѓани.

И секако, на крајот, Вучиќ на заборави да посее уште малку од семето на раздорот, па како зачин во манџата, упати „извинување“ до луѓето во Македонија за мешањето во нивните внатрешни работи, од, како што го нарече косовскиот премиер, „нашиот неодговорен државјанин“.

Се чини дека е подобро за него и неговото „кратко паметење“, тука да не се навраќаме на изјавите на темава од неговите предходници Милошевиќ, Шешељ …


Текстот е личен став на Авторот.

Tags: Албин КуртиАлександар ВучиќМакедонијаманипулацииОН
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ