• Latest

Управниот суд го поништил решението на Антикорупциска за градоначалникот Максим Димитриевски

May 16, 2019
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Управниот суд го поништил решението на Антикорупциска за градоначалникот Максим Димитриевски

May 16, 2019 13:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд го поништил решението на Антикорупциската комисија кое се однесува на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Атина Мургашанска, информираат денеска од општината.

„Управниот суд на Република Северна Македонија го поништи решението на Антикорупциска комисија 12-22570/9 од 06.05.2019 година кое се однесува на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината, Атина Муграшанска“.

Антикорупциската комисија донесе решение по дадена претставка на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно користење на општински простории во Куманово за промоција на тогашниот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Управниот суд смета дека при донесувањето на решението на Антикорупциска комисија нецелосно ја утврдила фактичката состојба, поради што не била во можност да цени дали правилно е применето материјалното право, стои во известувањето на општината.

Според Управниот суд и приложените докази, салата ја користат повеќе политички субјекти, здруженија и невладини организации со оглед на фактот дека на подрачјето на Општина Куманово нема друга соодветна сала.

„Исто така било укажано и дека салата не е во сопственост на Општина Куманово и нема исклучиво фактичко владение на истата. Поради тоа од тужбените наводи и доказите приложени кон тужбата произлегува дека не е со сигурност јасно дали просторот во кој се одржала средбата со граѓаните е во фактичко владение сега на Општина Куманово, имајќи предвид дека за предметната зграда се води судска постапка за утврдување на правото на сопственост, а кое нешто го потврдува и самиот тужен орган. Наведеното, дотолку повеќе што диспозитивот на оспорената одлука не содржи податоци по однос на недвижноста која е предмет на спорот“, стои во соопштението на општината.

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ