Петрит Сарачини
Ве чуди количината на омраза кон Тамара, „северџаните“, „педериштата“ и други лудачки деликатеси поврзани со Евровизијата? Е па драги мои, истите овие професори, уметници, медиумски мегафони и други слуги на режимот на Груевски што ја вчудоневидија деновиве македонската јавност, 10 години и повеќе учествуваа во создавањето на таков амбиент, во вербално масакрирање на стотици луѓе, јавни личности, стручањаци, интелектуалци, новинари, уметници како „предавници“, „шпиони“, „платеници“, „наркомани“, „педери“, „шиптари“, „комуњари“ итн итн.
Ваква критика кон нивната омраза немаше никогаш. Сега има.
Прогресијата на нивното алуминиумско лудило и состојбата на целосно деградирана јавност и јавна дебата што ја живееме, е последица на долгогодишното нереагирање кон таа омраза, а некои дури и ги легитимираа мразачите и на јавноста и ги претставуваа како „страна“, во име на „балансот“. Прашајте ги нивните жртви. Како се чувствуваа кога „двете минути за Евреите“ најчесто ги немаше, а „двете минути за Хитлер“ траеја цела вечност, на стотици телевизии, весници, портали, ФБ и Твитер профили…
Има начини да излеземе од ова лудило. За почеток – немојте веќе на масите на кои се бараат решенијата да ги носите и каните лудаците. Да „балансирате“ меѓу лудилото и нормалноста. Оти не сакаме да станеме полу-лудаци. Не е првпат да ви го каже ова Младиќот…
#DojdeCehotZaAluminiumot
#NieSmeLudaci
#AluminiumToTheMaximum