• Latest

Малолетни играорци не останаа цела вечер на пат благодарение на Ременски

May 19, 2019
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малолетни играорци не останаа цела вечер на пат благодарение на Ременски

May 19, 2019 19:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски им помогна на малолетни играорци кои останаа на полноќ на патот Плетвар-Кавадарци, бидејќи им се расипалo возилото. Во целост ви го споделуваме Фејсбук статусот на Мартин Цветковски, нивен наставник кој ја раскажува целата ситуација:

Би сакал да споделам една ситуација, што се случи синоќа, ситуација која што за некаде е вообичаено и нормално нешто, но за негде е редок исклучок, па чувствувам потреба вака да ја доловам…

По враќањето од концертот на играорците во Битола, негде после полноќ (00:15), комбето погоди огромна дупка (би ја нарекол озонска), при што настана дефект, на релацијата Плетвар-Кавадарци.

Црна темница, остри кривини, планински предел, шума, прст пред око не се гледа, инсект не се слуша… а како шлаг на сето тоа, помислата што се се случува во секојдневие… остануваме заглавени повеќето малолетни-играорци, неколку со штотуку наполнети 18 години, и јас и колегата како нивни одговорни…

Додека возачот (кој беше доста присебен), пробуваше да го поправи комбето (нешто со моторот), а колегата остана со децата… со блиц се обидував да сигнализирам на возилата кои поминуваа одвреме навреме, да застане некој и на некаков начин да ни помогне… но за возврат (типично) само блендираа, или пак не не регистрираа…

Откако се откажав од таа намера, и се вратив кај децата ако ништо друго барем да се подружиме и насмевнеме малку, самоволно застанува црно возило “Пасат”… Возачот – маж, а од страната на совозачот, гледам жена, позната од јавноста… неможев да се сетам во моментот која беше…

Ми вика:
– Што е проблемот дечко?
– Удривме дупка, имаме проблем со моторот, не работи комбето – велам.
– Кој има во комбето ? – ми вели…
– Деца, играорци, бевме на концерт во Битола, и се враќаме за Скопје… јас сум им наставник…
Му се обрати на возачот – Паркирај се тука…
Се јави негде на телефон:
– Ацко, на релација Плетвар – Кавадарци, има деца играорци, им се расипало комбето, по кратки ракави се, ладно е, ќе измрзнат, жива темница е тука, прати одма автобус или комбе да ги земе да ги однесе до Скопје, јас ќе го регулирам тоа.
Ми се обраќа:
– Дечко, имате автобус од Прилеп, ќе пристигне за 15-20 минути… ќе почекамe со вас малку да не бидете сами…
Излегоа и дел од дечињата, се израдуваа, не бевме сами повеќе, си помуабетивме, атмосферата се релаксираше па малку се присетив …
Ѝ велам на жената – Вие сте министер, ако не се лажам…
– Бев, повеќе не сум, сега сум Потпретседател на Собрание…
– Ааа да да, сега ми текна, Фросина се викате…
– Да не треба да однесам некого, побрзо до Скопје со мене?
– Ако не ви е проблем, да, имаме 3 деца мораат што побрзо да стигнат дома…
– Секако, нема проблем, ајде.
– Ви благодарам многу, незнам како да ви се оддолжиме…
– Еве ви мој број и чекам да ме поканите да присуствувам на ваш концерт.

Ги зема дечињата, ги однесе до Скопје, а за кратко се обезбедивме и ние останатите и пристигнавме во Скопје некаде околу 03:00 часот по полноќ…

Не ме интересира дали е функционер дома или на работа, таа синоќа беше човек кон нас… нè одминаа неколку луѓе со возила (можеби фукционери, можеби не), но ниту еден не беше човек да застане…

Ви благодарам од срце вака јавно, во лично и во име на сите присутни играорци.

Share2675Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ