Денеска продолжува 98-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која пратениците дискутираат по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигурување во случај на невработеност, двата во прво читање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера по завршувањето на општата расправа по предлог законот за вработување и осигурување во случај на невработеност во прво читање, ја прекина работата на седницата и гласањето го одложи за денеска, бидејќи, како што рече, нема кворум поради работењето на повеќе собраниски комисии.
Овие закони кои беа презентирани во септември треба да овозможат воведување гарантиран минимален приход што ќе овозможи зголемување на помошта што корисниците ја добиваат од државата, како и олеснување на достапот до детски и образовен додаток.