Грчкиот премиер, Алексис Ципрас го осуди вчерашниот инцидент пред парламентот во кон припадници на анархистичката група Рубикон фрлија боја на зградата.
„Таквите дела се антидемократски и немаат никаква врска со социјалната борба“, рече Ципрас, откако 30 припадници на Рубикон влегле во дворот на парламентот во знак на поддршка за осудениот терорист од ултралевичарската организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас, кој штрајкува со глад поради тоа што не му се дозволува привремено излегување од затвор.
И претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис го оцени како крајно недемократски и неприфатлив чин нападот со бои и пиротехника врз парламентарната зграда.
„Станува збор за неприфатлива и крајно недемократска постапка, од оние кои се нарекуваат „активистички постапки”, кои никој не може да ги карактеризира така, особено кога се насочени против Парламентот, изјави Вуцис кусо по инцидентот.
Според информациите, приведениот е член на оваа анархистичка група која ја презеде одговорноста за фрлање димни бомби и црвена боја на ѕидовите на парламентот.