Специјалните единици на косовската полиција, РОСУ, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, упасиле деветнаесет мина, меѓу кои и шефот на полициската станица во Зубин Поток, кои се од српска, албанска и бошњачка националност, меѓутоа засега не успеваат да го спроведат пред истражните органи.
Според информациите, околу 100 жители Срби се собрани на протест и го блокирале магистралниот пат во правец на Митровица.
Патот е блокиран со возила и камиони, оневозможувајќи го транспортот на упасените до јужниот дел на Митровица.
Косовската полиција соопшти дека утрово во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово спроведува акција за откривање на учесници во организиран криминал, при што се уапсени неколку лица од српска националност, меѓу кои и припадници на полицијата.
Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп“, „недозволена трговија“ и други.
Директорот на Владината канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ изјави за РТС дека единиците РОСУ, вооружени до заби, упаднале на северот на Косово, со цел да заплашат и да предизвикаат паника со апсењата кои претходните денови ги најавуваше претседателот Александар Вучиќ. Ѓуриќ наведе и дека се слушнале истрели и дека има информации за уапсени. Како што додаде, ситуацијата е драматична.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди борбена готовност.