Во анкетата на ЦИВИЛ Медиа, поголемиот дел од граѓан(к)и во Велес сметаат дека нема национализам во градот, многу ретко да се најде некој со спротивно мислење.
„Нема национализам, мирен град е Велес. Ако не задеваш никого, никој не те задева. Јас сум по националност Бошњак, со сите живеам“, вели еден граѓанин.
Друг граѓанин вели дека во Велес народот е иселен и дека нема време за национализам.
„Нема народ, а не па да има национализам. Народот е иселен, нема време за национализам. Не е тоа време како што беше порано. Обичните граѓани не ги интересира национализам, политика… само политичарите меѓу себе ги интересира тоа“, вели граѓанинот.
„Постои национализам. Ние сме на Балкан, да сме во Шведска нема да постои. Во Македонија, може да се надмине национализмот ако се влезе во ЕУ и НАТО, тогаш можеби би ги надминале“, вели граѓанин од Велес.
Анкета е дел проектот „Зелена иднина“, кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево. Целта на овој проект е да ја подобри јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Ариан Мехмети
Камера и монтажа: Маја Ивановска
Обработка на текст: Ангела Петровска












