Партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу мене и лидерот на партијата, Али Ахмети, е голема, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој рече дека се свесни оти имаат одредени слаби кадри во нивните редови, па затоа и разговараат за промените што се случуваат.
Во врска со објавувањето на прислушувани разговори на функционери на ДУИ, Заев рече дека после Пржинскиот договор, има закон кој го регулира неовластеното објавување на снимени телефонски разговори, и дека компетентните органи треба да преземат соодветни мерки.
А. М.