Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил.
Рустеми побара повторно одредување притвор, велејќи дека Груевски веќе еднаш избегал, па постои ризик повторно да го направи тоа, јави „Алсат – М“.
Предметот „ТНТ“ сè уште се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште беше планирано да се испрашуваат сведоци од одбраната.
Покрај Груевски, обвинети во случајот за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, и уште 4 други лица./Meta.mk