• Latest

Фејсбук, Гугл и Твитер под лупа на Европската комисија

May 31, 2019

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Фејсбук, Гугл и Твитер под лупа на Европската комисија

May 31, 2019 09:01
in ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија вчера објави извештај во кој го оцени напредокот на трите големи Интернет компании Фејсбук, Гугл и Твитер во нивната борба против дезинформациите. Овие три компании потпишаа Кодекс на практики и се обврзаа да известуваат еднаш месечно за нивните активности на ова поле пред изборите за Европскиот Парламент во мај 2019 година, објави „КриТинк.мк“.

Комисијата истакна дека ги цени нивните напори за зголемување на транспарентноста пред европските избори, додавајќи дека сите три компании сега означуваат кој стои зад политичките огласи објавени на нивните страници, а Фејсбук и Твитер веќе имаат и библиотеки на сите објавени политички огласи, додека оваа функционалност кај Гугл е во фаза на тестирање.

Сепак, Комисијата оценува дека се потребни дополнителни чекори, особено во насока на објавување на методологијата и сетовите на податоци за лажните профили и страници со цел да им се овозможи на независните експерти, проверувачите на факти и истражувачите да можат да вржат посебни евалуации. Во извештајот се вели и дека Гугл и Твитер немаат остварено никаков напредок на планот на обезбедување на транспарентност во врска со огласите кои се однесуваат на прашања од областа на јавниот интерес и јавните политики, а кои влијаат врз важни дебати во текот на изборен период.

Од друга страна, пак, изразено е задоволство што платформите преземаат чекори во борбата против штетните ботови и лажните профили. Особено се истакнува како позитивен чекор соработката со организации и мрежи за проверка на факти од страна на Гугл.

Во однос на конкретните активности на овие платформи, Комисијата ги издвојува политиките на Гугл во однос на политичкото рекламирање кои стапија во сила минатиот месец, како и бришењето на значителен број Јутјуб канали, кои продуцираа спам, измами, користеа измамнички практики и лажно претставување.

Фејсбук, пак, е пофален за преземените акции против огласите кои содржат неточни содржини или ги заобиколуваат нивните контролни системи. Компанијата извести и дека во првото тромесечје годинава отстрани од нејзината платформа осум координирани мрежи заради неавтентично однесување (ширење дезинформации, лажно претставување и слично), кои потекуваат од Северна Македонија, Косово и Русија. Твитер, пак, исто така, презеде акции против лажните профили и оние кои продуцираат спам, но не објави податоци колку од овие активности се однесуваат на земјите од Европската унија.

Комисијата длабински ќе ги оценува заложбите на овие три платформи да ги исчистат своите мрежи од штетно и неавтентично делување на корисниците во период од 12 месеци до крајот на годинава. Доколку резултатите се покажат незадоволителни најавени се дополнителни активности, како и донесување на законска регулатива која потоа интернет платформите ќе мора да ја почитуваат./мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ