Со одредбите од новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам со кој се ограничуваат плаќањата во готово на само 500 евра почнувајќи од 1 јуни годинава се прави дополнителен притисок врз сивата економија и стеснување на нејзиниот простор. Ваквиот исчекор е за поздравување и треба да се поддржи неговата примена.
Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во кеш да купат само нешто ситно.
Со оваа мерка се форсира користењето на платежните картички, што остава простор за сомневање, дали на повеќе продажни места ќе бидат на располагање терминали за картички.
А.М.