Зборувајќи на форумот по повод две години владеење, премиерот Зоран Заев истакна дека за овој период успеале да ги решат сите отворени прашања со соседите, а со тоа се зачувал и се зајакнал македонскиот идентитет и јазик.
Заедно со соработниците и мнозинството граѓани од сите заедници Заев рече дека избравме иднина кое светот го препозна и ни даде признание за тоа.
„За неполни две години ги решивме сите отворени праѓања со соседите. Постигнавме договор со Грција, пред тоа го решивме и со нашиот сосед Република Бугарија. Го зачувавме македонскиот идентитет. Заедно со Албанците, Ромите, Турците, Бошњаците и другите, избравме иднина. Светот го препозна тоа, ни даде признание, нè препозна како фактор, оваа година го добивме најдобриот извештај со чиста препорака“, изјави Заев.
Во однос за утрешната средба на претставници на земјите членки на Северно Атлантската Алијанса, рече дека тоа е силна порака и признание за постигнувањата на актуелната влада и целото општество на Северна Македонија. Тоа додаде Заев е порака дека земјата ке оди напред во евро атлантските интеграции.
„Силно веруваме дека заслужуваме одлука и доверба. Утре НАТО заседава во Скопје. Оваа чест и привилегија. авистина голема е разликата од тоа каде бевме во 2016 и каде сме сега“, изјави Заев.
Форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ се одржува во сала Милениум 1, во хотел Холидеј Ин во Скопје, по поводот одбележувањето на две години од формирањето на Владата на Република Северна Македонија.
Првата сесија беше на тема „Од поделено општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“, каде говореа премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.
Арбен Зеќири