Парламентот на Норвешка го ратификуваше протоколот за членство на земјава во НАТО.
Норвешка е 15. од 29 земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот за членство на земјава во Алијансата.
Министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ериксен Сореиде, на Твитер профилот на МНР на Норвешка објави дека Парламентот на Норвешка го ратификувал протоколот за членство на земјава во НАТО.
„Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Во очекување да ја видиме Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет“, напиша тој на Твитер.