Проф. Мирјана Најчевска остро реагираше:
Ајде уште еднаш да повторам, па можеби ќе разберете. Децата на функционерите се во старт привилегирани. Треба да се избегнува вработување на деца на функционери во државна служба се додека е родителот на функција. Доколку се случи такво нешто, не е доволно детето на функционерот да ги исполнува условите на конкурсот. Треба:
1. Да се даде образложение за самиот конкурс (зошто е потребна бараната квалификација, и/или, зошто се отвора/пополнува баш тоа а не некое друго работно место);
2. Да се даде многу јасно образложение зошто е избран баш тој кандидат, а не некој друг;
3. Секоја постапка на жалба да се третира како постапка за дискриминација и да се префрли товарот на докажување на работодавачот.
Ве молам, не се измотавајте со нас затоа што веќе немаме живци да трпиме глупост од никаков вид.
А што се однесува до отпуштањата во администрацијата, уште на самиот почеток требаше да се преиспитаат сите незаконски вработувања, унапредувања и именувања. И да се почне од таму.
Отпуштањето на некој кој е неправно примен на работа не е прекршување на правото, меѓутоа ЗАДРЖУВАЊЕТО НА НЕКОГО КОЈ Е НЕПРАВНО ПРИМЕН НА РАБОТА Е ДЕЛУВАЊЕ СПРОТИВНО НА ПРАВОТО.
Не знам како појасно да го кажам ова.