Откажана е денешната расправа на собраниската комисија за европски прашања, на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис кој е планирано да биде реализиран во 2020 година.
Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Не е соопштена причината зошто е откажана оваа комисија.
ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше за овој Предлог-закон и начинот на кој требаше да биде донесен. Според нив, законот е изготвен без консултации, и со ставање на европско знаменце, власта се обидува да протне законски текст без јавна дебата, беше реакцијата на опозицијата.
Планирано е пописот да биде спроведен во април 2020 година.